Фото: ГРЕМИ Награди 2014

Понеделник, 27 Јануари 2014

Најтрофејни во најблескавата музичка ноќ беа Дафт Панк освојувајќи три Греми награди: за најдобра поп гупа, најдобра песна и за албум на годината

 

56-то доделување на Греми Наградите во кое учествуваа најголемите музички имиња на популарната сцена и годинава имаше спектакуларно осмислена забава со милениците на музичката поширока публика.

"Drunk in Love" за почеток со Бијонси и Џеј-Зи, а како претходница жежок соло настап во кабаре стил на Бијонсе, беше жешкото загревање на сцената на спектакуларното отворање на овогодинешното ГРЕМИ издание.

Кети Пери направи вистинско шоу кога се појави на сцената и го испеа нејзиниот најнов хит "Dark Horse". Пеачката го зачини својот настап со морничав ефект облечена како секси (готик) вештерка играјќи околу вештерска метла.

Тејлор Свифт повторно не не' разочара со емотивниот настап на нејзината балада "All Too Well" на ова 56-то доделување на Греми Награди. Како што се зборува, најверојатно оваа поп-принцеза ја напишала баладата во чест на својата поранешна љубов - актерот Џејк Гиленхал.

Изненадување за публиката беше прегратката на сер Пол Макартни на вдовицата на Ленон, Јоко Оно, која отсекогаш била јавно обвинувана за растурањето на Битлси и прекорувана од останатите членови на групата на нејзиниот покоен маж Џон Ленон.

Дафт Панк дуото, Гај-Мануел де Хомем-Кристо и Томас Бангалтер не ги ни извадија огромните кациги од глава кога им ја доделија Греми наградата за најдобра поп група.
Фарел Вилијамс, Дафт панк и Нил Роџерс ја примија Греми наградата за Најдобра Песна на Годината "Get Lucky". Дафт Панк му дозволија на Фарел да го одржи целиот говор, додека тие стоеа ќутливо позади него во огромните кациги.

Пинк ја започна забавата ("got the party started") кога ги изведе на сцена нејзините најдобри гимнастичарски потези при изведбата на "Try". Поп дивата се надмина себеси и ја воодушеви публиката со нејзините импресивни акробатски движења. На втората песна, "Glitter In The Air" додека пееше галопираше над публиката на трапез.

Греми Наградата за Албум на Најдобар Машки Вокал падна во рацете на Бруно Марс за негвиот албум "Unorthodox Jukebox". Пеачот имаше и повеќе од причина да се смее, оставајќи ги зад себе Лана Дел Реј, Лорди, Робин Тик и Џастин Тимберлејк и земајќи си ја наградата.

Иако дуото составено од Рајан Левис и Маклмор беше релативно непознато до 2013, во 2014 парот ја почна годината земајќи го трофејот за Најдобар Нов Изведувач.

И најпрестижната награда на ова свечено доделување отиде во рацете на Дафт Панк кои го земаа и трофејот за Албум на Годината за нивниот албум "Random Access Memories" и со ова ги победија номинираните Тејлор Свифт, Кендрик Ламар, Маклмор и Рајан Левис, повторно немачејќи се да ги извадат кацигите.

Last modified on Сабота, 01 Февруари 2014 - 15:25

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.