Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Пол Макартни со нов албум

Вторник, 04 Септември 2018

„Egypt Station“ е 17-ти студиски албум на Сер Пол, поранешниот член на групата „Битлси“

 

 

Пол Макартни е англиски пејач и текстописец, еден од основачите и членовите на легендарните „Битлси (Beatles)“ кој по распадот на „Битлсите“ во 1970 година мислел дека никогаш повеќе нема да се занимава со музика.

– „Долго време бев во депресија. Алкохолот ми беше единствената утеха во тоа време. Се разделив со долгогодишните пријатели и ми беше тешко“ – рекол музичарот. Додал дека по распадот се повлекол од јавниот живот и дека требало да размисли како понатаму. Затоа го основал бендот „Вингс“ со тогашната сопруга Линда.

– „Ни зборуваа дека сме грозни и дека Линда нема поим за музика“ – рекол Макартни.

Макартни го издава новиот соло албум „Egypt Station“ на 7 септември и тоа е негов 17-ти студиски албум. Првите најавни песни се „Дојди кај мене” и баладата „Не знам”.

  



Макартни е еден од двајцата живи членови на славната четворка, а лани гостуваше на соло албумот на Ринго Стар. Иако наполни 76 години во понеделникот, тој покажа голема енергија во последните години и одработи светска турнеја во 2016 и 2017 година.

Макартни е запишан во Гинисовата Книга на Рекорди како најуспешен музичар и композитор во историјата на популарната музика, со преку 60 дискови кои имаат достигнато златен и тираж и со продадени повеќе од 100 милиони албуми и синглови. Неговата антологиска песна "Yesterday" е исто така дел од книгата како песна со најмногу обработки (ја препеале над 2.200 пејачи) и песна која е пуштена повеќе од 7.000.000 пати на американската телевизија и радио.
Макартни е Член на редот на Британската Империја (МБЕ) од 1965, а одликуван е со титулата витез во 1997 година.

Својот најнов албум Пол со гордост го најави и на социјалните мрежи, со цел да ја подготви својата публика на најавеното музичко изненадување.

Last modified on Вторник, 04 Септември 2018 - 22:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат

Повеќе

Платите на функционерите намалени на 14.500 денари, одлучи Владата

Априлската и мајската плата на сите државни и именувани функционери ќе изнесува

Повеќе

Осум години затвор за Владимир Талески за ученичкиот превоз во Битола

Кривичниот суд денеска ја објави пресудата и за случајот „Транспортер“.

Повеќе

Засилени мерки против корона вирусот наложи ОКШ Гевгелија

Дезинфекција на јавните површини, улици, тротоари, влезови на станбените

Повеќе

Во земјава 12 пациенти излечени од Covid-19

Денешниот биланс на корона вирусот во државата е 285 заболени, 12 излечени од

Повеќе

Случајот со корона во Гевгелија ги засили дезинфекционите мерки во Општината

Ново миење на улиците во градот со дезинфекциони средства и дополнително

Повеќе

Две нови жртви од корона вирус во државата

На Клиниката за инфективни болести во Скопје синоќа починале двајца пациенти

Повеќе

Трет ден опаѓа бројот на ново заболени од корона во државата

Со 18 ново заболени од вчерашните 24, и завчерашните 29, веќе трет ден опаѓа

Повеќе

Столтенберг и' посака Добредојде на МК во НАТО

- „Добредојдовте во #NATO, #NorthMacedonia! Тоа е долг пат, но сите ваши напори

Повеќе

ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Одлагање на кредитите и пониски каматни стапки

Одлагање на ратите за отплата кредитите, или намалување на каматната стапка се

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.