Крајот на работната недела ќе ја означи веќе традиционалата 100јачка гитаријада на која ќе настапат гитаристи и музички бендови. Настанот ќе се одржи на 30 и 31 август во центарот на најголемото богданско село, во соработка со „Кафе Бар Џик“, а на иницијатива на Роберт Иванџиков. Годинава настанот го бележи првиот јубилеј, 5 години од 100јачката гитаријада.
Во програмскиот дел се најавени настапите на седум бендови и соло гитаристи од локалната средина.
„Dance group Diva“ од Гевгелија, „Kolace Band“ од Стојаково, Ние-запирка-другарите (Битола), Bad opsesion од Валандово, се изведувачите кои ќе настапат првиот фестивалски ден во петокот а 30 август, со почеток во 21 часот.
Во истиот термин следниот ден, 31 август сцената ќе биде резервирана за настапите на локални соло изведувачи на гитара, „Double Trouble“ од Велес, „Hot line band“ од Скопје и „Еruption“ од Битола.
Организатор на настанот е Кафе Бар Џик кој настанот го најавува како добра забава за посетителите од регионот и популаризација на Стојаково и општината Богданци со настани и иницијативи од локалните жители. Настанот има натпреварувачки карактер, но е пред се' манифестацијата која ги спојува луѓето од различни генерации, преку звуците на рок-музиката.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар
Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец
Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина
Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија
Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица