Останаа во спомен само неговите песни и добрите дела по кои го паметат луѓето на кои им помогна, без мадиумски помпи, само широко отворено срце да помогне.
Денес се навршуваат 13 години од трагичната сообраќајна несреќа во која загина нашиот македонски и Балкански славеј, Тоше Проески. На 16 октомври 2007 година, кај местото Нова Градишка, во утринските часови Македонија остана во шок, а Балканот затечен - колку љубов и симпатии имало ова македонско момче кај пошироката публика секаде каде што престојувал, секаде каде се слушала неговата песна.
Погребен на Гумење мегу Крушевските великани, неговото почивалиште беше опсипано со цвеќиња, плишани мечиња, срциња кои му ги оставаа неутешните од болка негови фановите.
Сега, конечно пристигнуваат добри вести од Крушево и конечно се решава болното прашање - „Вечната куќа“ на Тоше е при крај, достојно место каде ќе почива.
- „Вечното почивалиште на поп-иконата и нашиот сограѓанин Тоше Тодор Проески беше неостварен сон на многу фанови и посетители на Крушево. Нашата цел беше да го изградиме тој вечен дом, што значи многу за нашата општина и нашата земја. Тоше Тодор Проески е поп икона не само во Крушево, тој е амбасадор на Крушево, амбасадор на нашата земја и покажа како да се заштити и одбрани нашата земја“, рече градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.
Се реновира и манастирот „Свето Преображение“, за кој Тоше помогна да се изгради, каде што често спиеше. Просторијата во која спиеше Тоше беше недопрена. На стотина метри се наоѓа крст, поставен во чест на Тоше.
„Долги 13 години“
Сеќавањето за пејачот го чуваат и фановите и колегите. Тони Цетински се огласи на својот Инстаграм профил по повод оваа болна годишнина.
Тони објави колаж од постови во кои позира со Проески, со натпис „Засекогаш Тоше“.
Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов пак во својот пост на Инстаграм потсети дека Тоше е повеќе од пејач, пример на човечност од која требаше сите да учиме.
“13 dugih godina” Sutra negdje u ovo vrijeme napustio si nas fizički ali samo fizički brate moj. Ne mogu vjerovati...
Posted by Tony Cetinski on Wednesday, October 14, 2020
Галерија
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Водосвет годинава во црковните храмови
Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време
АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар