Почина Крунослав Кичо Слабинац - хрватски пејач познат на поранешните ЈY простори
Хрватската музичка легенда, Крунослав Кичо Слабинац, пејач, гитарист, композитор и аранжер, почина денеска на 76-годишна возраст.
Хрватскиот весник „Јутарњи лист“ извести дека музичарот Крунослав Кичо Слабинац почина утрово во 6,50 часот во болничката соба во Загреб КБЦ, каде лежеше три месеци. Кичо заврши во болница на почетокот на август поради коронарна срцева болест што ги зафати неговите крвни садови. И покрај успешната операција, при што беа инсталирани три бајпаси, неговото закрепнување беше комплицирано, бидејќи раната на градите не се лекуваше правилно. Оттогаш бил на интензивна нега и на апарати за дишење.
Состојбата деновиве дополнително му се влошила поради пневмонија и инфекции.
Кичо Слабинац беше еден од најпопуларните пејачи во Хрватска и поранешна Југославија, а песните „Поклони ми један дан“, „Због једне дивне црне жене“, „Три слатке ријечи“ – се некои од неговите најголеми хитови. Во младоста се занимавал и со глума. Со евергринот „Плавуша“ од 1971 година, на натпреварот за Песна на Евровизија го освои 14-то место.
Песната по која сите црнокоси беа горди беше „Због једне дивне црне жене“. Инспирацијата ја добил од познаничката Мирјана Антоновиќ.
- „Јас и Крунослав Слабинац бевме заедно во раната младост. Откако се сретнавме во Америка, на враќање кон Загреб тој беше инспириран да ја напише песната ‘Због једне дивне црне жене’. Кичо е многу талентиран уметник и горда сум што можев, на мал начин, да учествувам во создавањето на една прекрасна евергрин песна во која можат да уживаат многу генерации“, изјави за Index.hr Мирјана, која сè уште живее во Америка, каде се запознала со Слабинац.
Оваа песна била омилена и на Јованка Броз, сопругата на Јосип Броз Тито.
Прилог - фото сеќавање на Кичо.
Галерија
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Водосвет годинава во црковните храмови
Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време
АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар