Топ Новости

Тридневен Рок Фест во МКЦ

  • Четврток, Апр 26 2018


По неколкугодишна пауза музичката манифестација, „Рок фест“ повторно ќе се одржи со што фестивалот се враќа на старите патеки, овозможувајќи им на младите и неафирмирани бендови од Македонија да ја почувствуваат атмосферата што ја носи „Рок фест“. Годинава фестивалот е во организација на „Баги комуникации“ и ќе се одржи на 27, 28 и 29 април, во концертната сала на Младинскиот културен центар во Скопје.

„Рок фест“ годинава ќе почне со проекција на документарениот филм „Рокенролер борн лузер“. Проекцијата е закажана за в петок во 19 часот во фоајето на киното „Фросина“ во МКЦ и ќе биде бесплатна.

Исто така тука ќе може да се видат и Благоја Трпковски-Трте и Златко Стојановски-Леткум од „Триангл“, потоа членовите на „Пацифисти“, Аријан Дема- Љани и Данаил Дарковски од славниот бенд „Пу“, како и Кокан Димушевски, Бодан Арсовски, Гарабет Тавитјан и Влатко Стефановски од „Леб и сол“, но и многу други македонски музичари од таа генерација.
Во рамките на придружните содржини, годинава ќе биде поставена и ретроспективна изложба на фотографии, кои се дел од архивата на „Рок фест“ и ќе стои сите денови додека трае фестивалот. Изложбата опфаќа стотици фотографии, плакати, летоци, влезници и други рекламни материјали од претходните 30 изданија на фестивалот. Тоа практично ќе биде еден хронолошки приказ на развојот на „Рок фест“, на бендовите кои настапувале на оваа манифестација, но и на македонската рокенрол сцена воопшто.

Инаку, музичкиот дел на годинешново издание на „Рок фест“ има три вечери. Во петок е натпреварувачката, каде ќе настапат скопските „Фикшн“, „Антиарт“, „Конспираси“, „Метаноја“ и битолскиот рок-бенд „Саундвејвс“. Додека трае пребројувањето на гласовите, ќе свири групата „Гаргојлес“од Скопје, која ќе биде вон-натпреварувачка конкуренција, односно ќе биде гостин на оваа вечер.
Втората и третата вечер на „Рок фест“, в сабота и недела, се од ревијанлен карактер, каде што ќе свират веќе етаблирани бендови кои зад себе имаат подолг музички стаж, а имаат и објавено албуми. На 28 април, ќе настапат домашните „Визија“ и „Стил темпл“, кои своите почетоци ги направија токму на овој фестивал.
Организаторот најави и гости од соседството. Од Србија доаѓа бендот „Патриас“, додека пак од Грција групата „Резистанс“. На 29 април ќе настапат кумановскиот состав „Морфеј“, како и скопските „Блек енд вајс соушл клаб“ и „Никеја“.
Картите за „Рок фест“, веќе се пуштени во продажба на билетарницата во МКЦ, и чинат по 200 денари за секоја вечер поединечно.

 


Исцелител кандидат за Оскар

Американската академија за филмски уметности ја одобри номинацијата на македонскиот филм „Исцелител“

Повеќе

„Отворено писмо“- нова песна на Слаткар

Песна за македонската реалност, за ситуацијата во нашата држава

Повеќе

REAL SLAVS - хит помеѓу словенската публика

За неполни два дена видеото за „REAL SLAVS“ е прегледано над 90 илјади пати

Повеќе

Том Круз со нова љубов

По три пропаднати бракови со холивудски актерки, 56-годишниот Том не се откажува од љубовта

Повеќе

Тамара со нова песна и спот

„Довидување таго“ е новата песна на Тамара Тодевска која пред јавноста беше претставена заедно со видео запис

Повеќе

Распеани гевгеличани освоија прво место на фестивал во Бугарија

Во конкуренција од 1.000 исполнители, „Распеани гевгеличани“ го освоија првото место во категоријата на групи над 10 членови

Повеќе

Пол Макартни со нов албум

„Egypt Station“ е 17-ти студиски албум на Сер Пол, поранешниот член на групата „Битлси“

Повеќе

Почнува реставрација на гробот на Тоше

Владата одобри 150.000 евра за достојно почивалиште на прерано загинатата музичка ѕвезда

Повеќе

Последна сезона на „The Big Bang Theory“

Продуцентите на комичната серија „The Big Bang Theory“ преку соопштение за медиумите известуваат дека дванаесетата сезона од серијалот е последна 

Повеќе

Гитаријада Стојаково 2018

Викендов во Стојаково беше собиралиште на гитаристи и музички бендови во организација на традиционалната „Гитаријада 100јаково“

Повеќе

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заев: Европа е во Гевгелија, затоа треба да одговориме со ЗА на европските

Трибина „ЗА европска Македонија“ со коалицијата „Излези ЗА“ одржана вечерва во

Повеќе

„ЗА европска Македонија“ во Богданци

Премиерот Заев во Богданци: Вашингтон и целиот свет оддаваат признание на

Повеќе

Велосипедско дефиле

Гевгелија преплавена од велосипеди по повод 22 септември - Меѓународниот „Ден 

Повеќе

22 септември - Меѓународен ден без автомобили

Со велосипедско дефиле Гевгелија денеска ќе го одбележи 22 Септември -

Повеќе

Сабота 8 часови без струја Гевгелија и Богданци

Нов осумчасовен прекин во снабдувањето со електрична енергија поради неопходни

Повеќе

Средба на Премиерот Заев со Потпретседателот на САД, Мајк Пенс

Македонскиот Премиер Зран Заев денеска оствари средба со Потпретседателот на

Повеќе

Соопштение од Општинска изборна комисија Гевгелија

Промена на гласачките места во Гевгелија, Миравци, Негорци и Габрово

Повеќе

ЕВН најавува 8 часовен прекин на струја во Гевгелија

Утре петок 21 септември во терминот од 7:30 до 15:30 часот дистрибутерот на

Повеќе

Мицкоски: Ако референдумот биде успешен и мнозинството е „за“, ќе го почитуваме

Став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на референдумското изјаснување на

Повеќе

Низ ГП „Богородица“ летово поминале 1,5 милион туристи

Половина милион македонски туристи претставуваат 1/3 од вкупниот летен патнички

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.