Топ Новости

Распеани гевгеличани освоија прво место на фестивал во Бугарија

Среда, 05 Септември 2018

Во конкуренција од 1.000 исполнители, „Распеани гевгеличани“ го освоија првото место во категоријата на групи над 10 членови

 

 

На дванаесеттиот меѓународен фестивал на шлагер и староградска песна „Пеј срце“ што се одржа во бугарскиот град Ќустендил, во конкуренција на околу 1.000 исполнители, Распеани гевгеличани го освоија првото место во категоријата на групи над 10 членови.

Фестивалот се одржал под покровителтво на градоначалникот на Ќустендил, Петар Паунов, според кого целта била да се зачува и промовира шлагерот и помасовно да се вклучат младите кон лиричноста и убавината на старата градска песна.

Најинтересен е фактот што организаторот на фестивалот аплицирал за Гинисовата книга на рекорди во категоријата најголем број исполнители. За таа цел 500 учесници на фестивалот од Македонија и Бугарија заедно ги исполниле двете познати староградски песни „Брала мома капини“ и „Болен ми легнал Миле Попјорданов“.

Во Ќустендил немало претставници на организацијата Гинисова книга на рекорди, но организаторот ги обезбедил сите потребни документи и видео запис од настанот.

За достигнувањата на најстарата активна музичка група од Гевгелија пишуваше и порталот „културно.мк“.

 

ФОТО од корицата на првиот снимен винил албум на „Распеани гевгеличани“ во 70-те години од 20 век

Достигнувањата на музичката група „Распеани гевгеличани“ не се за изнанадување, ако се знае дека тие опстојуваат повеќе од четири децении под диригентство на основачот, музичар и музичкиот педагог (сега во пензија) Александар Попов. За нивните забележителни почетоци во 70-те години од минатиот век беше снимена докуметирана музичка емисија од „Македонската телевизија“, а во студиото на „Македонското Радио“ снимија и лонг плеј плоча со песни од гевгелиско. Сериозната посветеност на одржувањето на музичката култура и традиција од минатото на овие простори со нови генереации следбеници и членови на „Распеаните гевгеличани“ е заслуга на овие пејачки ентузијасти и неуморниот Александар Попов.

Last modified on Среда, 05 Септември 2018 - 04:37

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

Заев: Аларм за борба против лажни вести и манипулации

За лажното претставување на двајца руски комичари како поранешниот претседател

Повеќе

Мицотакис победи на парламентарните во Грција

Нова Демократија на Мицотакис победи на предвремените парламентарни избори во

Повеќе

Апликацијата „МојДДВ“ до сега ја симнале близу 58.000 граѓани

За четири дена од почетокот на примената на апликацијата „МојДДВ“, од 1 јули

Повеќе

Заев: Берлинскиот процес е водилка за европски развој на нашиот регион

Во Познањ, Полска, вчера и денеска се одржува Самит ЕУ-Западен Балкан, како дел

Повеќе

Градинката во Миравци со нова ограда

По две недели работа на терен заврши оградувањето на двориштето на Детската

Повеќе

Владата одлучи: „Еуромакс“ не доби дозвола за експлоатација на руди за Иловица

На денешната седница Владата го одби барањето за издавање дозвола за „Иловица“,

Повеќе

Претседателот Пендаровски во посета на јужната граница и Транзитниот Центар за

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.