Холандија е победник на „Евровизија 2019“

Недела, 19 Мај 2019

Данкан Лоренс, претставникот на Холандија со песната „Arcade“ е победник на Евровизија 2019.

– „Ова е голем момент, бидејќи за мене секогаш музиката е на прво место во животот“ – изјави Данкан по прогласувањето на победата.

Тој според гласовите на жирито беше на трето место со 231 поени, а пред него беше Македонија со 237, а прва изби со последното гласање на домакинот Израел, Шведска со 239 поени.
По сумирањето на гласањето од публиката по пат на телевоутинг Холандија доби 261 поени од публиката што ја крена на прво место со вкупно 492 бодови. Зад себе ги остави Италија со 465, Русија со 369, а Шведска која беше првопласирана од стручното жири заврши на шесто место. Нашата претставничка Тамара Тодевска застана на високото осмо место, не виден резултат до сега од сите настапи на Македонија на Евросонг.

Веруваме дека не само победничката, туку и многу други песни изведени на „Евровизија 2019“ ќе станат големи хитови, а меѓу нив секако е и „Proud“.



Last modified on Недела, 19 Мај 2019 - 12:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.