Дојранчани спремни за туристичката сезона, но и за забава.
Општина Дојран со почетокот на летото најави подготвеност за дочек на гости за претстојната етна туристичка сезона. Но, пред да навалат гостите искажуваат спремност за забава со балкански музички ѕвезди.
На пописот на забавите е концертот на Здравко Чолиќ кој треба да се одржи на 15 јуни на Градскиот стадион во Скопје.
Општина Дојран најави организирано учество на овој концерт за своите заинтересирани граѓани со бесплатен превоз и бесплатни билети за концертот. Ваквото задоволство за музичките фанатици, но пред се' за фановите на Чола го обезбедува Општина Дојран во соработка со "ПЛАН Б Продукција".
Се' што треба да направат заитересираните е да се јават во просториите на Општината, со себе да понесат и лична карта за идентификација за да резервират место за патување и билет за концертот. Пријавите на заинересираните се примаат до четврток 13 јуни заклучно до 10:00 часот. За сите други информации на телефон 034 225 278.
Општина Дојран, „План Б продукција“, дојранчани и Чола заедно во сабота на 15 јуни на Градскиот стадион „Тоше Проески“. Пример дека локалните самоуправа не наплаќа само такси и комуналии, туку дека води и повратна грижа за забава на своите граѓани со присуство и на други настани надвор од својата општина. Домаќините кои секое лето велат добредојде на туристите, имаат потреба да бидат и самите добредојдени на други простори каде се делат позитивни вибрации со старите хитови од нечијаа младост и новите хитови од незаборавниот Чола.
Музичкото задоволство „Дојранчани со Чола“ го најави градоначалникот Анго Ангов.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во