Вудсток: Педесет години на магијата!

Четврток, 15 Август 2019

На 15 август 1969 година, на фармата на Макс Јасгур, во селото Бетел, 110 километари од градот Вудсток, во државата Њујорк, се собраа меѓу 400 илјади и половина милион млади луѓе и во три дена непрекината свирка на тогашните и идни великани на рокот, на дожд и во кал, во неверојатна атмосфера исполнета со многу љубов, добри намери, дрога и музика, ја испишааа легендата за Вудсток, тоа рокерското евангелие на хипиците и на сите млади во сите генерации, се до смртта на рокендролот. Па дури и потоа.
Во културолошка смисла, Вудсток беше тоа што беше фордовата револуција во автомобилската индустрија, Октомвриската револуција во комунистичката утопија или гејтсовата во компјутерите, џобовската револуција во мобилната телефонија или цукербершката во социјалните мрежи.
Мир и музика, тоа беше мотото на фестивалот. Но, доминираше и љубовта. Многу деца се зачнати на ливадата на Јасгур. Настапија Џими Хендрикс, Карлос Сантана, Грејтфул Дед, Џеферсон Ерплејн, Џо Кокер, Криденс Клирвитер Ривајвл, Крозби Стилс Неш и Јанг и многу други.
Фестивалот имаше и антивоен карактер бидејки во тоа време актуелна беше војната во Виетнам.

Убави, полетни, ослободувачки времиња беа тоа. Многу различни од денешните пивофести и пастрмајлијади. Таа 1969 година моите другари дојдоа да студираат во Скопје, а јас како една година помлад, останав во Свети Николе. Тоа беше крај на нашиот ВИС “Фантоми”, еден од првите бендови во Македонија.

Автор: Бранко Тричковски - ФБ статус




Last modified on Четврток, 15 Август 2019 - 19:15

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.