Со настап на четири музички групи, двајца солисти, тројца ДЈ, фолклорни ансамбли и навивачки скандирања од членовите на „Фантоми север“ синоќа на плоштадот „Фонтана“ во Гевгелија се одржа хуманитарниот и роденденски концерт на навивачката група „Фантоми“.
Хуманиот карактер на настанот беше посветеноста за оштетените од опожарената зграда во Гевгелија и собирањето донаторски прилози од присутната публика за помош на семејствата чии станови-домови целосно изгореа во пожарот од 30 јули.
Роденденскиот карактер на настанот беше одбележувањето на 29 годишнината од формирањето на навивачката група „Фантоми“ од Гевгелија.
Забава исполнета со хуманост и солидарност со граѓаните е посветата на ваквото одбележување на речиси тридецениското постоење на оваа навивачка група која ги бодри гевгелиските бои на спортските терени.
Во програмскиот дел настапија: „Панта Реи“, „YU Бенд“, „Астра Бенд“, „BAD Obsession“, Кристијан Марковски, Филип Хаџикојчев, ДиЏеите Prosheff, Tight Beats i Mad Kid.
Организаторот и славеник се заблагодари на гевгеличани за искажаната хуманост со посетата на настанот и отстапените донаторски прилози за своите сограѓани.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во