Хуманитарното здружение „Ристо Калиников“ и годинава, по седми пат ја организира традиционалната фестивалска манифестација посветена на нивниот прерано заминат другар, музичар, гитарист и наш сограѓанин Ристо Калиников (1990-2012).
Некогаш на плоштадот Гевгелија, на отворена сцена се менуваа музичките имиња кои настапуваа во чест на 22 годишниот Ристо кој ја заспираше гитарата во своите раце. Денеска, сцената на „Де Факто“ е резервирана за овој музички, хуманитарен настан посветен на сеќавањата за Ристо и неговата музика. Со песна ќе се слават спомените за ова насмеано дете, младинец, мила душа. На сцената оваа година својот придонес пред публиката и сограѓаните на Ристо ќе го дадат со свој настап момците од „Некс Тајм“ од Скопје, зајакнати со локалните изведувачи „Тајтбитс“ и Todoroff.
Организаторот го најавува стартот на фестивалската фешта за вечерва во 20:30 часот. Хуманоста и понатаму останува одредница на овој фестивал - дел од средствата собрани од посетителите на СРВ Фестот ќе бидат донирани на здружението на граѓани за помош на станарите од опожарената зграда во Гевгелија.
Хуманитарци, музичари и сите кои го споделувате сеќавањето за младото насмеано момче со гитарата Калиников - вечерва зборното место на хуманоста и музиката е во „Де Факто“.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во