Сеќавање за момчето со насмевка, кое пееше од срце, пејач, хуманист и добротвор, момчето кое ги сакаше сите и затоа Македонија на овој ден пред 12 години остана во шок од кобната вест за неговата загуба.
Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 - 16 октомври 2007) — познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија.
Музичката кариера ја започна со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната на „Yesterday“ од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Имал блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започна по изведбата на песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станал дел од продуцентската куќа „Авалон“, каде што остана се' до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година беше прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз „Ве сакам сите“.
Загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост во Македонија.
Неговиот последен албум „Игри без граници“ беше издаден 2007 година.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата
Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за
Хуманитарен Апел за помош на Веселинка
АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели
ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија
Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може