Богданчанката Јова со музичка кариера во Лондон

Четврток, 31 Октомври 2019

Деновиве на You Tubee платформата се појави ново музичко видео за нумерата „Мoondog“ во изведба на дуото „YOVA“. Покрај супстилната изведба на женскиот вокал полн со емоции кои ја побудуваат имагинацијата и душата на текстот, додека тивко ја илуминираат уникатната и храбра тема, порталот „вистина“ открива дека овој глас припаѓа на наша сограѓанка Јова Радеска, од Богданци, Македонија. За ова на социјалните мрежи се пофали и гордиот татко на Јова, што е уште една потврда за веродостојноста на музичкото откритие на светот за гласот на нашата богданчанка.

Јова Радевска е македонска кантавторка која живее во Лондон. На македонската јавност и стана позната најпрвин по настапот на „Скопскиот фестивал“, а подоцна и по своите соло проекти.

Во моментов Јова ( Yova) егзистира како дуо дуо, зад чие име се кријат самата Јова Радевска и Марк Вернон (Mark Vernon). Нивната нова песна носи наслов „Moondog“ и е продуцирана со Мартин Мек Дугал и Даниел О’Саливен од групата „Grumbling Furs“, а миксувана е од „Греми“ номинираниот Камерон Граиг (Бјорк, УНКЛ, Ени Ленокс & Џо Страмер), а е дигитално достапна на сите поголеми музички платформи како „Spotify“, „Itunes“ …

Видео записот е продукт на членовите на ЈОВА, (Јова Радевска и Марк Вернон) заедно со Алекс Томас (тапани), Даниел О’Саливан (бас, мелотрон), Мартин Мек Дугал (калимба) и Роб Елис (ондес мартенот). Песната е визуелизирана со интересно видео креирано од Кристијан Барнет од филммејкерите на „Fabulous Frank“.

Јова и Марк започнаа со снимање на музичките структури на ЈОВА на повеќе локации со повеке соработници. Своето музичко знаење и соработка го продолжуват во една музичка визба во Лондон и дневен музички престој во Дорсет во Англија. Марк го соединува бас гитаристот Иан Оливер со Роб Елис на тапани и ритмичкиот р’бет на оригиналната П Ј Харви. Групата снима повторно заедно за прв пат од издавањето на првото ЕП на PJ Harvey “Dress” vo 1991.. Резултатите од овие снимања ќе можат да се чујат на новиот албум на „YOVA“ во 2020 година.

Со силна група и подготвен албум, ЈОВА се подготвуваат за на сцена и за прв пат да настапуваат во живо. Во меѓувреме, проследете го новиот сингл „Moondog“ на нашата Македонка од Богданци која е на добар пат да оствари препознатлив свој музички печат и своја кариера во светот.

Last modified on Четврток, 31 Октомври 2019 - 03:03

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.