Бјело Дугме го разнежи Скопје на концерт за отварањето на казино „Фламинго“

Понеделник, 18 Ноември 2019

Сараевскиот бенд вечерва разбуди носталгија пред публиката во Скопје на бесплатниот концерт по повод отварањето на казино „Фламинго“ во хотелот „Мериот“, а концертниот настап беше на Плоштад „Македонија“ во центарот на метрополата.

Емоции, носталгија и сеќавања на едно убаво време, беше концертот на Бијело Дугме во Скопје, публиката ги пееше рефрените, младите со ЛП од нивните омоти ја славеа нивната музика покажувајќи дека им е позната и слушана.

Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ и Младен Воичиќ-Тифа ја потсетија публиката дека добрата музика не умира, а „Дугме“ е силен бренд. Ален Исламовиќ, свеж и силен во вокалот, придружуван од оркестарот за свадби и погреби на Бреговиќ, со истиот жар и професионалност, како да не се сменил од времето на осумдесеттите, кога бендот со него полнеше сали и стадиони ширум поранешна Југославија, ја понесе публиката во 80-те години од концертните врвови на Дугме.

Ако Дугме тогаш беше регионален бренд, сега е светски. Брега со двајцата свои пејачи, не изоставувајќи ги песните од Жељко Бебек настапува низ целиот свет. Тифа ја натера публиката да ги потпевнува рефрените „Аиаио ради радио“, „Лажеш злато, лажеш душо“ и уште многу безвременски хитови.

За крај традиционално беше отпеана песната „Ѓурѓевдан“ како потврда дека „Дугме“ е нешто што вечно ќе трае.

Фото: В.Т.

Last modified on Понеделник, 18 Ноември 2019 - 03:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.