Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27
Грешка
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со id: 43

„ШУТКА РОМА РАП“ на светски музички форум во Франција

Среда, 19 Март 2014

Момците од населбата Шуто Оризари се единствениот македонски претставник меѓу 2.500 учесници на фирумот  „Бабел мед мјузик“

 

Пред да настапи на реномираниот музички форум „Бабел мед мјузик“ на 22 март во Марсеј, Франција, македонскиот состав „Шутка Рома Рап“ ќе одржи концерти во Белград и во Љубљана. Раперите од скопската населба Шуто Оризари кои настапуваат со бенд во живо, Вчера (18 март) свиреа во Културниот центар „Град“ во главниот град на Србија. Додека денеска (19 март), тие се во концертната сала „Менза при кориту“ во словенечката метропола.

По овие два настапи, екипата заминува за Франција каде што ќе биде единствен претставник од регионот на „Бабел мед мјузик“. На тридневниот форум ќе присуствуваат повеќе од 2500 професионалци од музичкиот свет, а ќе се одржат околу 30 концерти. Дел од програмата се и презентации и дискусии посветени на разни проблеми во музичката индустрија. Идејата на форумот е да се разменат искуства и да се воспостават контакти за понатамошна соработка. Во Марсеј ќе настапат бендови од Кина, Иран, Израел, Италија, Мали и голем број други земји.

Групата од Скопје лани го објави вториот студиски албум Me Sijum Underground (Јас сум андерграунд), кој излезе под етикетата на унгарската издавачка куќа „Фоно“ и се најде на високото осмо место на една од најпрестижните европски топ-листи „Ворлд-мјузик чартс јуроп“. Зад себе го има и деби-изданието „Шутка, моето родно место“. Музичарите имаат настапено и на некои од најпознатите европски фестивали како „Сигет“ во Унгарија и „Роскилде“ во Данска.

„Шутка Рома Рап“ на почетокот на мај ќе бидат дел и од музичката манифестација „Балкан трафик“ во Брисел.

Last modified on Среда, 19 Март 2014 - 22:09

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ветровита Гевгелија со брзина на ветер од 50 км/час

Денешното тивко и напати облачно време попладнево продолжи со ветерни налети

Повеќе

Притвор за осомничен за силување на малолетничка во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка при

Повеќе

Рехабилитација на патот Нов Дојран-Стар Дојран-Граничен премин Дојран

Осумтотини илјади евра за рехабилитација на патиштата и улиците во општина

Повеќе

Исплатени субвенциите за обработлива површина до еден хектар

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на

Повеќе

Зајакната контролата на аеродромите и на граничните премини

Македонските епидемиолози велат дека ќе бидат потребни големо екипирање и

Повеќе

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.