Финална фестивалска вечер „Фолк Фест Валандово 2019“

Петок, 31 Мај 2019

Во Фестивалската сала „Јанко Узунов“, во знакот на прекрасната македонска фолк песна, вечерва се одржува финалната фестивалска вечер на „Фолк Фест Валандово 2019“, кој годинава се одржува по 34-ти пат со програмски музички содржини од 27 до 31 мај, со што валандовчани со гордост велат дека е град каде музиката е празник.

На втората фестивалска вечер, која што ќе се одржи на 31-ви мај и која што е натпреварувачка, учесниците ќе настапат по следниот редослед:

„Добредојде таго” – Благоја Груевски
„Не ти верувам” – Ивана Наумова,
„Моја Мирјана” – Јовица Мицевски,
„Имав јас се” – Бобан Цаневски
„Седма зима” – Елена Андоновска
„Планина голема” – Стојне Николова
„Илина” – Драган Мијалковски
„Бараш крадец” – Горан Тодоровски
„Не си ми суден” – Сандра Милковска
„Љубовта е маѓија” – група Академци
„Пеј Соња” – Миленце Атанасов
„Земи или остави” – Ивана Стојановска
„Пишано и неизбришано” – Христијан Димитриевски
„Да се разбираме” – Мими Јовановска
„Фотографија заборавена” – Ивана Серафимовска
„Студ и бес во срце носам” – Зуица Лазова
„Туѓа а моја си” – Душко Ѓеоргиевски
„Тука сум јас” – Јуле Николовска
„Дано лична Дано” – Далибор Ѓошиќ
„Љубов преку граница” – распеани Валандовчани.


Покровител на фестивалот е Општина Валандово.
Синоќа фестивалската сцена беше отворена од минатогодишниот победник Благица Калева, а потоа стартуваше ревијалната вечер со познати македонски музички имиња посветена на текстописците на веќе познатите хитови од овој фестивал. Беа претставени песните од текстописците: Ѓорѓи Барбаровски, Томислав Которчевиќ, Огнен Неделковски и Борче Нечовски, вечер исполнета со хитовите од најуспешните текстописци на новосоздадена македонска фолк песна, изродена на „Фолк Фест Валандово“, изминатите 33 години.

Водители на фестивалот се Ѓорги Калајџиев и Ирена Спировска, кои на совршен начин во текот на програмата направија колаж од животните и професионални приказни на композиторите и текстописци со обнародените хитови, интерпретирани од познати и докажани фолк изведувачи.

Прилог Фото Галерија од синоќешните настапи од ревијалната вечер - извор Фолк Фест Валандово:

 

Last modified on Петок, 31 Мај 2019 - 20:19

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

Убав сончев празничен ден

Гевгеличани и околните места денеска ги осветли убав сончев ден, а и неработен,

Повеќе

Денес е Задушница - ден за спомен на починатите

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот

Повеќе

Меркел до Заев: Бундестагот ќе одобри старт на преговорите со ЕУ во септември

На денешната средба на Премиерот Зоран Заев со Германската канцеларка Ангела

Повеќе

Општина Дојран во посета на збратимената општина Медулин

Веќе седум години како општина Дојран е збратимена со општина Медулин од

Повеќе

Селото Марвинци ќе добие нов асфалт

Селото Марвинци, деновиве ќе добие нов асфалт.

Од општина Валандово

Повеќе

Почна исплатата на зголемената социјална помош

Согласно правата предвидени со новата социјална реформа од денеска започна

Повеќе

Уапсен е државниот секретар во МИОА осомничен за земање мито

Корупциски скандал со Европските фондови во државата. Поради земање провизија

Повеќе

Почнува летниот распуст за учениците

Денеска е последниот училишен ден од школската година, со што почнува летниот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.