„Опуштено“ на ДНК со видео запис

Вторник, 21 Јануари 2014

Оваа песна ми значи многу. Ја напишав во тежок период за мене затоа што изгубив пријател кој го сакаше животот , а тој ја изгуби битката со ракот, изјави Панчо за посветата на својот хрватски пријател ДЈ Бронсон

 

Издавањето на албумот „Срце“ чиј што прв тираж беше распродаден во рекордно време, концертни настапи за промоција на истиот,  хитови на радио станиците, снимени видео записи и признанија од медиумите се само дел од нештата по кои Р&Б дуото ДНК ќе ја запамти минатата 2013-та година. 

А, на самиот крај на годината во опуштена атмосфера, токму како што наложува и самата нумера, Панчо и Андреј заедно со своите пријатели и соработници снимија видео запис за песната „Опуштено“ која Панчо ја напиша и посвети на својот пријател од Хрватска, ДЈ Бронсон, кој пред две години почина од рак. 

- Оваа песна ми значи многу. Ја напишав во тежок период за мене затоа што изгубив пријател кој го сакаше животот , а тој ја изгуби битката со ракот. Баш затоа, да му се подаде рака на оној на кој му е потребна помош, да се негува животот затоа што е премногу краток, да се шири позитивна енергија и да се живее секој ден како да е последен се клучните пораки во „Опуштено“ - изјавува Панчо. 

Спортисти од неколку конкурентски клубови, новинари од различни редакции и медиумски личности се главни протагонисти кои со многу насмевки ќе и ги доловат на публиката овие пораки  во видеото  што го режираше долгогодишниот соработник и пријател на ДНК, Владимир Митревски Ѓуле.

- Целта ни беше да ги споиме конкурентските спортисти и новинари и да покажеме дека и покрај различностите, сепак треба да шириме љубов и позитива, да ги надминеме сите недоразбирања и бариери, да бидеме благодарни на она што го имаме, да бидеме хумани, да се сакаме, и да сфатиме дека богатството е во вистинските пријатели - вели Андреја.

Аранжманот на Опуштено го направи хрватскиот продуцент Марвел, музиката и текстот се на Панчо, а песната ја испродуцира Дарко Димитров во неговото студио Димитрови каде што беше и снимена истата.

Видео записот  ќе биде промовиран на почетокот на февруари, за кога ДНК на скопската публика и најавуваат клубска свирка со бенд во живо. 

Last modified on Сабота, 25 Јануари 2014 - 20:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во

Повеќе

Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица

Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500

Повеќе

Почина градежен работник во Гевгелија

Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот

Повеќе

Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица

Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани

Повеќе

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.