Даниел Кајмакоски и Фифи уште еднаш ги привлекоа гласовите на публиката и си обезбедија место меѓу натпреварувачите кои ќе продолжат во музичката трка на шоуто „X Factor Adria“.
Хитот „Чија си“ од незаборавниот Тоше Проески му помогна на Даниел да собере доволно гласови за да биде испратен во третата вечер во живо.
Фифи заедно со Маринела Џогани енергично настапи со „Monday Morning“ од Мелани Фиона.
Во продолжение видео од исклучителниот настап на Даниел Кајмакоски со песната на Тоше. Иако жирито оцени дека секој кој ќе го избере Тоше се соочува со голем ризик, Даниел одговори дека е негов голем фан, многу го почитувал и ценел како изведувач, па зошто неговите песни и понатаму да не се пеат заради негов спомен. Одлично.