Во чест на раѓањето на македонската музичка ѕвезда која со својата песна го обедини Балканот, нашиот незаборавен Тоше Проески, денеска беше промовирана биографска книга со наслов „Ова не е крај“.
Книгата опфаќа сегменти од животот на Тоше, од почетоците, до подемот на неговата кариера, а сеќавањата за него ги споделуваат најблиските, сестрата Дора, зетот Славен Ристески, внукот Кристијан, пријателите и колегите, а интересни случки од детството откриваат и неговите другари. Од Фондацијата Тоше Проески, велат заедно со авторката Соња Алексоска Неделковска, биографијата ја подготвувале повеќе од две години.
По повод роденденот на Тоше, беше промовиран и видео запис за песната „Жао ми је, “ снимен во 2006-та година.
Во чест на роденденот на Тоше Проески, традиционално се одржа и голема крводарителска акција. Најбројни беа повеќекратните крводарители, но меѓу нив имаше и млади луѓе, кои за првпат даруваат крв.