16 октомври 2007 - Денот кога Македонија и Балканот го оплакуваше најпопуларниот поп пејач што ги сакаше сите, Тоше Проески.
Во негов спомен и незаборав се потсетуваме со песните што ги испеа на својот последен концерт одржан на 5-ти октомври на Скопското сајмиште пред 20 илјадна публика, десет дена пред трагичната смрт, кога фановите му направија ѕвезден поздрав со светнатите мобилни телефони.
Ѕвездите се сега придружнички на овој талентиран македонски пејач и музичар, кој многу рано во младоста расцвета во естрадниот бизнис и за 10 години достигна Балканска слава. Подготвувајќи се за промоцијата на својата светска кариера со албумот песни на англиски јазик, Тоше замина ненадејно оставајќи зад себе седум снимени албуми, препеани на неколку јазика, и постхумната промоција на последниот албум наменет за англискиот пазар.
Во слава и незаборав, го споменуваме со песните кои ни' ги остави во траен спомен.