„Пак да те допирам“ новитет на Марија Ичкова

Сабота, 16 Март 2019

(ВИДЕО) Марија Ичкова повторно ја допира публиката со нова песна

 

 

Богданчани горди на својата вредна сограѓанска која се пробива успешно на македонската музичка сцена. Позната како вокал на групата „Икс Фактор“ 20 годишната Марија пред два дена ја лансираше својата нова песна „Пак да те допирам“.
Работлива и посветена цврсто си стои на ветувањето дека во наредниот период ќе слушаме повеќе за неа. Овој пат реши да ја разбуди пролетта со заразната „Пак да те допирам“ во соработка со нејзиниот тим од Мјузик Хаус. Бојан Трајковски (Ај Кју) и овојпат е целосен автор и продуцент на песната и во оваа прилика има да додаде:
- „Со нетрпение чекав Марија Ичкова да ја испее оваа песна. Уште пред да се случи тоа знаев дека ќе биде полн погодок и дека ќе има огромен придонес да песната прозвучи толку конкретно и автентично. Марија ја има таа тајна состојка во гласот и е навистина пријатна за слушање. Драго ми е што веќе работиме на нови песни кои за скоро време ќе ја видат светлината на денот“.

Марија додава:
- „Можам да кажам дека најинтересно во овој период ми беше што после снимањето на песната постојано ми се вртеше во глава со денови. Обично тоа ми се случува со песни од други пејачи, а овој пат беше забавно да тоа биде мојот глас. Многу ме исполнува темпото на работа кое е интензивно, но не е напорно и кога ќе се добијат реакциите од публиката и поддршката од медиумите, се си добива смисла. За мене пролетта е дојдена, се надевам дека ја будам и кај вас“, изјави Марија.

 



Публиката ја памети младата Марија со моќната изведба на легендарната рок песна „Whole lotta love“ на Led Zeppelin на натпреварот „Х -Фактор“ во 2013 и оттогаш не се разделила со микрофонот, музиката и изненадувањата за својата публика.

 

Last modified on Сабота, 16 Март 2019 - 17:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.