„The G Notes“ составен од Глигор и Теодора Гошеви оваа недела го промовираа својот најнов музички сингл, повторно на англиски јазик со намера да бидат достапни за широк дијапазон на музичка пивлика, а го насловија „Се што ми треба, си ти“ („All I need is you“). Сепак најавуваат и македонска верзија.
Лесно певливата нумера веќе се врти низ радио станиците, а тие се потрудија и направија видео запис за кој одбраа локации на нашата Кожуф планина и плажите од Егејот.
Тексстот е на Томе Таушанов а композицијата на Глигор Гошев. Пратечките вокали се од Теодора, Ѓорги Вацев и Влатко Сапламаев.
За медиумите откриваат дека ова е шести сингл на англиски а исто толку имаат објавено и на македонски.
Музичкиот тандем Глигор и Теодора, инаку брат и сестра, за списанието Екран имат изјавено дека во мај планираат да ја објават и македонската верзија од оваа песна, a недалеку после тоа да направат и промоција на нивнот прв албум. Истиот ќе биде двоен, ќе содржи 2 ЦД со по 8 песни (едното на македонски, а другото на англиски јазик).
Останува на овие млади надежни музички ентузијасти да им посакаме успех и остварување на зацртаното, бидејќи очигледно е дека што и да продолжат да работат во животот од музиката нема да се разделат. А, можеби тоа ќе биде и нивниот професионален избор во животот.