Прва награда за Драган Мијалковски со „Илина“ на Фолк Фест Валандово

Сабота, 01 Јуни 2019

Првата награда од жирито и публиката на 34-то издание на Фолк Фест Валандово му припадна на Драган Мијалковски со песната „Илина“.
Песната е комплетно дело на авторот Љупчо Трајковски – Фис.

Мијалковски по 20 години пауза прв пат годинава настапи на валандовскиот фестивал. Еден од неговите најголеми хитови отпеани токму на „Фолк Фести Валандово“ е хитот „Дојди ми лено на перниче бело“ отпеан далечната 89-та година.

Втората награда ја освоија „Распеани валандовчани“ со песната „Љубов преку граница“. Песната е дело на сега покојниот Леонид Манчев, еден од основачите на фестивалот кому Фестивалскиот одбор му додели постхумно награда за животно дело.

Три композиции кои беа отпеани во натпреварувачката програма добија ист број на гласови и се најдоа на третата позиција, делејќи ја третата награда.

Тоа се песните „Седма зима“ на Елена Андоновска, „Добредојде таго“ на Благоја Грујовски и „Моја Мирјана“ во изведба на Јовица Мицевски, сите со по 76 поени од публиката и жирито.

 

Last modified on Сабота, 01 Јуни 2019 - 14:21

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сара, Андреј и Љупчо прваци по биологија во Општината, 2 и 3 место на државно

Седмо одделенецот Андреј Димов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава на

Повеќе

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.