Gevgelijanet - Израел победник на Евровизија
Топ Новости >

Израел победник на Евровизија

  • Недела, Мај 13 2018

 

{flike}


 

Нета со песната „Toy“ (Играчка) претставничката на Израел во драматично финале изби на првото место и стана победник на 63-тото издание на Евросонг.

По гласањето на стручното жири Израел беше на третото место со 60 гласови помалку од Австрија која беше на првото место и 11 гласови помалку од Шведска која беше на второто место.

Но со новиот начин на гласање според Европската радиодифузна унија на овој редослед се додадоа гласовите од телефонското гласање на публиката и истите беа претворени во евровизиски бодови.

Со 436 поени од телевоутингот, заедно со гласовите од стручното жири Израел изби на првото место со недостижни 529 поени.

На второ место според публиката беше Кипар со 253 евровизиски поени и остана на второто место на севкупната листа со вкупено освоени 436 бодови.

Австрија заврши на третото место со 342 бода иако во првиот круг на гласање според стручните жирија од 43-те земји учеснички на годинашниот Евросонг, нивниот претставник Цезар беше на првото место со 271 поен.

Израел доби пет 12ки од стручните жирија од Австрија, Сан Марино, Чешка, Финска и Франција. Најмногу 12ки доби Шведска, вкупно осум.

Нета се заблагодари на публиката за љубовта и за тоа што гласале за различноста.



 

Роберт Редфорд најави пензионирање од актерството

Редфорд, кој овој месец полни 82 години, веќе шест децении е на филмското платно од својата 21 година.

Повеќе

Почина Оливер Драгоевиќ

Утринава во 5 часот во болницата во Сплит почина големиот музичар

Повеќе

Ќе се снима филм за Џокер

Жоакин Феникс е новиот Џокер во „The Joker Origins“ за кој се најавува дека ќе биде многу помрачен од своите претходници

Повеќе

Заврши снимањето на „Game of thrones“

Заврши снимањето на последната осма сезона на серијата „Game of thrones“, во која наместо 10 епизоди како во претходните сезони, ќе има 6 епизоди кои ќе бидат временски подолги

Повеќе

„Волим живот“ - нов летен хит на Неда

Балканската ѕвезда, пејачката Неда Украден која оваа година полни 50 години од својата кариера  лансираше видео запис за својата нова песна 

Повеќе

Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов

Нема знаци на насилство,  ОЈО го истражува случајот

Повеќе

Д Фестивал спремен за старт

На 6-ти јули со отварање на фестивалската сцена Дојран се подготвува и за почеток на туристичката сезона

Повеќе

Се снима филм за Џуди Гарланд со Рене Зелвегер

Филмскиот лик на миленичката на Холивуд и продукцијата на Дизни, 40 години подоцна ќе го оживее Рене Зелвегер

Повеќе

Ева Лонгорија стана мајка

Познатата актерка „очајната домаќинка“ роди машко дете и за прв пат стана мајка

Повеќе

Том Круз во нова Невозможна мисија: Распад на системот

Нова вратоломија - воен скок со падобран од  25.000 метри 

Повеќе

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се асфалтира улицата „Едвард Кардељ“ во Нов Дојран

Летото е период на засилена градежна активност за подобрување на инфраструктурата во Општина Дојран

Повеќе

Младите активни во евроинтеграцијата на Македонија

Во Струмица утре  - Работилница за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите 

Повеќе

Владата со промотивна и информативна кампања за референдумот

Кампањата ќе се води согласно стандардите за јавни коминукации од интерес на јавноста и тоа релевантност, објективно и информативно комуницирање, непартиски комуникации, како и пропорционалност и

Повеќе

Бесим Деари привремено ќе раководи со БЈБ

Владата го разреши дирекорот на Бирото за јавна безбедност и на негово место привремено го постави досегашниот заменик директор 

Повеќе

Одбележан уменскиот панаѓур „Св. Пантелејмон“

Традиционално и годинава во организација на Месната заедница од село Ума, се одржа уменскиот панаѓур „Свети Пантелејмон“ во чест на верскиот штитеник по кој е насловена и тамошната црква

Повеќе

Летната опуштеност ги раздвижи крадците

За една недела извршени девет кражби во Гевгелија

Повеќе

Разрешувањето на директорот на БЈБ пред Влада во вторник

Владата во вторник ќе решава за разрешувањето на Лазе Велковски, а дали ќе има и постапка за кривична одговорност за злоупотреба на службена должност и овластувања засега нема најави од МВР

Повеќе

Мерка дисциплинска постапка за воспитувачката во гевгелиска градинка

За случајот се заинтересира и народниот правобранител кој побара да се преземат сите мерки за расветлување на истиот, но и да има одговорност за направениот инцидент

Повеќе

Елаборатот за штетите од невремето во подготовка

Владата треба да ги обештети земјоделците и правните субјекти по усвојувањето на елаборатот од страна на Советот на општината и второстепената комисија за елементарни непогоди

Повеќе

Гевгелија ги чествува двата Илиндена

Честит празник! Да ни е вечен Илинден!

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.