Топ Новости >

33 издание на Фолк Фест Валандово

  • Четврток, Мај 24 2018

 


Вечерва во Фестивалската сала "Јанко Узунов" во Валандово се одржа ревијална вечер на 33 по ред „Фолк Фест Валандово 2018“.

На истата беа изведени најголемите хитови отпеани на фестивалот од најизведуваните композитори, Григор Копров, Миле Барбаровски и Љупчо Трајковски-Фис. Македонската Радио Телевизија вршеше директен пренос од Ревијалната вечер која ја водеа Ирена Спировска и  Нино Величковски.

На ревијалната вечер беа изведени 16 популарни песни од поранешните фестивалски изданија на „Валандово“, а настапија доајени, но и помлади реномирани пејачи од македонската музичка сцена, како: Виолета Томовска, Перо Христов, Нино Величковски, Петар Нечоски, Благица Калева, Душко Георгиевски, Анета и група „Молика“, Јордан Митев, Кирил Митоски, Елена Велеска, Влатко Лозаноски – Лозано, Мите Стоилков, Машката пејачка група на „Танец“, Јовица Наумчевски…

Фото: Сценографијата на Фестивалската сцена во знакот на калинките 

Утревечер, 25-ти мај на истата фестивалска сцена ќе се одржи Натпреварувачка вечер каде со изведба на 19 новокомпонирани македонски народни песни, ќе се избира овогодинешниот валандовски хит.
Организаторот најавува учество на најголемите ѕвезди на македонската и регионална музичка сцена, вклучувајќи и спектакуларно музичко шоу на легендата на босанскиот севдах и балканската народна музика, Ханка Палдум. Истата вечер, но во натпреварувачка конкуренција ќе настапи и српската фолк ѕвезда Мерима Његомир, која доаѓа на овој фестивал како една од ретките музички ѕвезди кои се' уште владеат на сцената, со што (ќе) вжари интересот на пошироката публика за годинашната Валандовска фолк-фешта. 

Па, така за сите оние кои ја љубат новата македонска песна и кои сакаат да се потсетат на најубавите валандовски песни, нека повелат во градот кој и во поранешна Југославија се препознаваше по овој специфичен музички гала-настан!

Покровител на Фестивалот годинава се Министерството за култура на РМ и Општина Валандово. И двете фестивалски вечери директно ги пренесува МРТ на својата програма со почеток во 20:30 часот. 

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шекеринска со писмо до министрите на НАТО

„Ја барам вашата поддршка за Македонија“ - им напиша Шекеринска во писмото до  министрите за одбрана на 29 земји членки на НАТО

Повеќе

Коѕијас денеска со потпис, а утре со писмо до ЕУ и НАТО

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас писмено го потврдува непротивењето на Грција за напредокот на Македонија за членство во ЕУ и НАТО

Повеќе

Водата во Дојранското Езеро е безбедна за капење

Испитаните примероци вода од езерото од ЈЗУ „ИЈЗ“ покажаа квалитет на вода безбеден за капење и рекреација на луѓето

Повеќе

Собранието го ратификува договорот со Грција

Со 69 гласа ЗА Собранието на Република Македонија го ратификуваше Договорот со Грција. Се чека на Иванов

Повеќе

Томе Главчев со плакета за бизнис личност во 2018 за ЈИЕ

Манифестацијата „Бизнис партнер“ додели 40 награди на компании и бизнис личности од Југоисточна Европа за 2018

Повеќе

Објавена продажба на градежни парцели во Гевгелија

Десет парцели за индивидуално домување и една парцела за лесна индустрија во Гевгелија се објавени на продажба по пат на електронско јавно наддавање

Повеќе

Комарците помилувани на неодредено време

Поради лошото време одложено прскањето против комарци во целиот Југоисточен регион

Повеќе

Етничките македонци во Грција се радуваат на Договорот

Селцас е пратеник во грчкиот Парламент од Лерин и вели дека Македонците во Грција се радуваат на договорот

Повеќе

Потпишан Договорот меѓу Македонија и Грција

ВИДЕО: Потпишувањето на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство

Повеќе

И во грчкиот Парламент се прозбори на македонски јазик

Пратеник на СИРИЗА се обрати на Македонски јазик, на костурски дијалект во грчкиот парламент

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.