Топ Новости

Том Круз во нова Невозможна мисија: Распад на системот

  • Вторник, Јун 05 2018

 

Единствениот кој се осмели: Том Круз е првиот холивудски актер кој собра доволно храброст за нова филмска вратоломија. 
"Невозможна мисија: Распадот на системот", е шесто продолжение на филмскиот серијал со Том Круз во главната улога, кој овој пат целосно се соживеа во неговата улога изведувајќи потег што филмската индустрија не памети дека некогаш е направен.

Познатиот американски актер Том Круз влезе во историјата со неговиот последен потег во кариерата. Всушност, тој стана првиот актер кој го изведува опасниот HALO скок со падобран и тоа на висина од 25.000 метри, и сето тоа за потребите на снимањето на новиот продолжеток "Невозможна мисија: Распадот на системот"

„Paramount Pictures“ го објави спотот во траење од две и пол минути во кое може да се видат интензивните подготовки пред снимањето на опасниот скок што се изведува над небото на Обединетите Арапски Емирати.

Круз е познат по своите многубројни акробации изведени при снимањето на филмовите, без помош на двојник или каскадер, но HALO скокот е досега нешто најопасно превземено од него и воопшто снимено за филмски потреби од страна на еден актер. HALO скокот е всушност воена техника на скокање од авион од екстремни височини, и се врши со помош на маскa за кислород. Пред снимањето, актерот го вежбал скокот во посебно изграден воздушниот тунел, со специјално дизајнирана маска за да може целото време да остане при свест.

Новата „Невозможна мисија“ во кината пристигнува на 27 јули оваа година.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пречистителна станица кај Вардар утре ќе биде предадена во употреба

Капиталниот проект вреден 10,6 милиони евра е реализиран со трилатерална

Повеќе

Гевгелија од хотелски станува и транзитен угостителски центар

Гевгелија освен транзитна делница од меѓународниот пат „Пријателство“ стана и

Повеќе

Владата ги намалува тарифите на нотарите и извршителите

Извршителите повеќе нема да можат да наплаќаат енормно високи суми од граѓаните

Повеќе

Ветровита Гевгелија

Веќе 21 час Гевгелија е под ветровит налет со јачина од 50 до 70 километри на

Повеќе

Министерот Димитров денес во Миравци

Министерот за Надворешни работи Никола Димитров денес на граѓанска трибина во

Повеќе

Европската Унија со грантови за 30 општини во државата

Еден милион евра од Европската Унија наменети за развојни планови на 30 општини

Повеќе

Откриени 120 илегални мигранти во гевгелиско и Богданци

Во две одделни акции на МВР спроведени на 22 и 23 септември во реонот на

Повеќе

Заев: Европа е во Гевгелија, затоа треба да одговориме со ЗА на европските

Трибина „ЗА европска Македонија“ со коалицијата „Излези ЗА“ одржана вечерва во

Повеќе

„ЗА европска Македонија“ во Богданци

Премиерот Заев во Богданци: Вашингтон и целиот свет оддаваат признание на

Повеќе

Велосипедско дефиле

Гевгелија преплавена од велосипеди по повод 22 септември - Меѓународниот „Ден 

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.