Топ Новости

Роберт Редфорд најави пензионирање од актерството

  • Среда, Авг 08 2018

 

Златното момче на Холивуд од 70-те па и 80-те години на 20 век, познатиот американски актер Роберт Редфорд кој зад себе има 60 годишна филмска кариера најави дека се уморил од глумење. Неговиот филм „Старецот и пиштолот“ најверојатно ќе биде неговата последна улога.

Во интервју за „Ентертејмент Викли“, тој рече дека размислува за пензија. Редфорд, кој овој месец полни 82 години, вели дека глуми од својата 21 година.

– „Си помислив, па тоа е доволно… Никогаш не вели никогаш, но речиси сум сигурен дека е готово што се однесува до моето глумење“ – додава холивудската ѕвезда.

Во неговиот последен филм тој го глуми Форест Такер, вистинска личност, осуденик кој се фалел дека е поуспешен во бегање од Хари Худини. Филмот треба да се појави во киносалите на 28 септември.

Меѓу најдобрите филмови во кои настапил се „Кандидат“ (1972), „Џеремаја Џонсон“ (1972), „Буч Касиди и Санденс Кид“ (1969) каде глуми заедно со Пол Њумен, „Моја Африка“ каде партнерка му е Мерил Стрип, „Големиот Гетсби“ каде Миа Фароу е неговата незаборавна љубов, „Жаока“ повторно со актерскиот тандем Пол Њумен, драмата “All Is Lost” (2013).

На прашањето дали и неговите режисерски денови се завршени, Редфорд резервирано одговорил: „Допрва ќе видиме“.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

24 часовна полициска заштита за осумтемина пратеници

Од МВР велат дека пратениците не побарале заштита, туку полицијата одлучила тоа

Повеќе

Премиерот на „Валандовска ракијада 2018“

Премиерот Зоран Заев заедно со лозарите од регионот со манифестацијата го

Повеќе

Заев: Задено напишавме историја

Премиерот Заев на прес-конференција по изгласувањето на постапката за уставни

Повеќе

Собранието донесе одлука за уставни измени со 80 гласови

Доцна вечерва две третини од пратениците ги поддржаа уставните измени и со тоа

Повеќе

Гевгелија и Богданци викендов без струја

Десет часовен дводневен прекин заради неопходни интервенции најавуваат од ЕВН

Повеќе

Метју Палмер во понеделник доаѓа во Македонија

Функционер на САД во дипломатска мисија пред македонското исполнување на

Повеќе

Пресудата за Груевски стаса до Кривичен

Казната затвор од 2 години потврдена од Апелација денеска пристигна во Кривичен

Повеќе

Гевгелија и околината без електрично напојување

ЕВН - КЕЦ Гевгелија за петок 19 октомври најавува нов прекин на електично

Повеќе

ПДС на САД до Мицковски: Разочарани сме од ВМРО-ДПМНЕ

Вес Мичел, Помошник државен секретар за Европа и Евроазија при Стејт

Повеќе

Ноќеска во тунелот Демир Капија-Смоквица ќе се вози по една лента

Во терминот од 23 до 00 часот ќе се вози по една сообраќајна лента, јавува

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.