Македонскиот игран филм „Исцелител“ кој е добитник на многубројни меѓународни награди и признанија, ќе се натпреварува за најпрестижната награда за филмски уметности „Оскар“, во категоријата „Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“.
Одлуката е прифатена и одобрена од страна на Американската Академија за филмски уметности.
Филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески е втор македонски филм кој има можност да се бори за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Во 1995 година во истата категорија беше номиниран македонскиот филм „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, но не ја понесе наградата поради инзвонредниот руски филм „Изгорени од сонцето“ на Никита Михалков кој го отсликуваше времето на строгиот сталинистички поредок во Русија.