Камила ги „собра“ MTV наградите 2018

Понеделник, 05 Ноември 2018

Камила Кабељо беше номинирана во шест категории, најмногу од сите музичари, а дома си замина со четири меѓу кои и за планетарно популарната песна „Хавана“

 

 

Камила Кабељо беше номинирана во шест категории, најмногу од сите музичари, а дома си замина со четири меѓу кои и за планетарно популарната песна „Хавана“.

Во „Радио сити мјузик хол“ во Њујорк, во понеделникот беа доделени Ем-ти-ви видео музичките награди кои собраа многубројни славни ѕвезди од светот на шоубизнисот.

Како и секогаш имаше многу изненадувања, како во доделувањето на наградите, така и во музичките перфоманси и презентирањето на наградите.
Џепната латино атракција Камила беше номинирана во шест категории, најмногу од сите музичари, а дома си замина со наградата за најдобар артист, најдобра песна, најдобро видео за планетарно популарната „Хавана“ и за уметник на годината, што беше едно од изненадувањата на вечерта.

Со оглед на тоа што песните со латино призвук во моментов се исклучително популарни, воопшто не беше чудно што токму оваа девојка ги освои сите награди: 
- „Не ми се верува дека сум јас“, изјави 21-годишната пејачка со кубанско потекло, посветувајќи ѝ една од наградите на Мадона.

На латино дивата Џенифер Лопез и припадна честа да ја прими престижната награда „Michael Jackson Vanguard Award“, која им се доделува на музичарите со големи постигнувања во светот на музиката и филмот. Моментот кога ја прими наградата го искористи за емотивен говор посветен на нејзините близнаци, на фановите и нејзиното момче Алекс Родригез.

Младата пејачка Аријана Гранде се закити со наградата за најдобро поп видео за песната „No tears Left To Cry“.

За песна на годината беше прогласена „Rockstar“ на Post Malone ft. 21 Savage.

На големо изненадување на многумина, раперот Дрејк, кој беше најуспешниот музичар за минатата година, не освои ништо, исто како и Бијонсе, Џеј Зи, Ријана…

 

Last modified on Понеделник, 05 Ноември 2018 - 23:35

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Првите капачи во Дојран

Сончевите денови од топлиот продолжен викенд со температури до 29 и 30 степен

Повеќе

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.