Гига Моравац од „Бољи живот“ замина во легендите

  • Четврток, Јан 03 2019

 

 

Почина познатиот српски актер Марко Николиќ познат по улогата на таткото Попадиќ во популарната телевизиска серија „Подобар живот“.

Веста за неговата смрт ја објави на социјалните прежи синоќа неговата ќерка Мина Николиќ.
Таа на Фејсбук објави заедничка фотографија со својот татко, со годината на неговото раѓање и умирање (1946-2019).

Радио телевизија Србија објави дека познатиот српски актер починал на 1 јануари во Градската болница во Белград.

Николиќ е роден на 20 октомври 1946 година во Краљево. Дипломирал глума на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Беше член на Народниот театар од 1970 година, а играше и на филм и на телевизија.

Најпознат е по улогата на Драгиша Попадиќ, викан „Гига Моравац“, од серијата „Подобар живот“.

 



Сцена од серијата „Подобар живот“  снимена на Граничниот премин Богородица, кога Драгиша Гига Попадиќ се враќа со автобус од екскурзија по шопингот во Солун , со работничките од неговата фирма по повод 8-ми март


Телевизиска слава му донесе и улогата на Караѓорѓе, чиј лик го толкуваше во серијата „Вук Караџиќ“, но и во телевизиската драма „Смртта на Караѓорѓе“ и телевизиската серија „Театар на Србите“. Ликот на Караѓорѓе го играше и во филмот „Шејтанов војник“.

Незаборавни улоги оствари и во филмовите „Монтевидео, бог те видео“, „Наскоро ќе биде пропаст на светот“, „Диви години“, „Ужичка република“, „Бошко Буха“, „Петриин венец“ и многу други.

Добитник е на наградата „Павле Вујисиќ“, што ја доделува Здружението на филмски глумци на Србија за доживотно дело.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Oбјавeна меѓународна потерница по Војминовски

По бегството на осудениот за обид за убиство на Зијадин Села, Никола

Повеќе

19 јануари - Неработен ден

Сабота, на Богојавление, е неработен ден за граѓаните од православната

Повеќе

ОИК Гевгелија донесе Уверенија за новите советници

Лазар Мешков и Александра Караманова од советничката листа на СДСМ одговорија

Повеќе

Гевгелискиот Совет во 2018 одржал 15 седници

Советот на општина Гевгелија во текот на 2018 година расправал за 279 акти од

Повеќе

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.