Топ Новости

Жељко Самарџиќ за Тоше: Беше вонсериски пејач

Сабота, 09 Февруари 2019

Сеќавање за првата средба со Тоше Проески, со неговиот глас, а потоа и лично

 

 

Српскиот пејач Жељко Самарџиќ кон средината на месецот гостува со свој концерт во Скопје, па е чест посетител на медиумите во најава на концертното дружење со македонската публика. На едно од гостувањата во емисијата „Живот со стил“ ги евоцираше спомените за својата средба со Тоше Проески, најпрво со неговиот глас, а потоа и личното запознавање

„Случајно се запознав со Тоше. Зет му беше со него. Подоцна дознав дека тоа му бил зет.
Имав концерт во Охрид. Бевме во некоја пицерија. Ми пријде зетот. Ме праша дали млад пејач може да се запознае со мене. Се запознавме, тој ми даде касета како подарок. Кога одевме, ја ставив касетата во комбето и бев фрапиран. Реков дека тоа дете е вонсериски пејач. Сите се согласија со мене“, сеприсетува Жељко во емисијата на ТВ 24 и продолжува:
„Следната година настапував на Сунчане Скале во Херцег Нови, се појавува момче, јас не ги запомнив ни името ни презимето. Бев третопласиран. Потоа ми пристапи едно момче кое ја доби втората награда и потоа групата „Макадам“. Ми кажа дека е од Македонија. Му кажав дека сум запознал најдобар пејач од младите и дека би сакал кога-тогаш да го сретнам. Не можам да се сетам на името. Одговори дека е тој. Јас сум Тоше. Го прегрнав!
Оттогаш станавме добри другари, редовно се слушавме по телефон. Бев на неговиот концерт во Белград како поддршка. На тој концерт тој кажа дека на осми март Жељко Самарџиќ има концерт во истата арена. Нема да поверуваш. Таа арена по неговиот концерт беше најпродаваната арена досега. Остана тоа сеќавање засекогаш како и фотографијата која ја имам со него“, ја заврши Жељко приказната за нашата најголема музичка ѕвезда.

 

Last modified on Сабота, 09 Февруари 2019 - 13:03

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.