Бијонсе и Тејлор Свифт испишаа историја на Греми нaградите за 2020

Понеделник, 15 Март 2021

Бијонсе освои четири награди „Греми“ и стана еден од изведувачите со најмногу освоени „Греми“.Тејлор Свифт ја однесе дома можеби најзначајната награда: за албум на годината , „Folklore“. Били Ајлиш и нејзината песна „Everything I Wanted“ ја добија наградата за музички запис на годината.

Двете најголеми награди на вечерта беа доделени за „Everything I Wanted“ на Били Ајлиш, која ја освои наградата „Музичка изведба на годината“, а албумот на Тејлор Свифт направен за време на карантинот 2020 година ја освои наградата „Албум на годината“ и со тоа таа стана пејачка што ја освои третата награда „Греми“ во оваа категорија, станувајќи четвртиот изведувач што успеал да го направи тоа.

Откако ја доби најпрестижната награда, Били Ајлиш изјави дека наградата требаше да оди за Меган ди Сталион за песната „Savage“.

- Ова е навистина непријатно за мене. Меган, девојко, ти ја заслужуваш оваа награда - рече Били Ајлиш.

Меган ди Сталион, едно од најзначајните нови имиња во музичката индустрија во 2020 година, сепак однесе три награди: „Најдобар нов изведувач“, „Најдобра рап-песна“ и „Најдобра рап-изведба“. Нејзиниот ремикс „Savаge“, во кој се појавува и Бијонсе, ѝ помогна на Бијонсе да го надмине претходниот рекорд на „Греми“ за женски уметник поставен од пејачката Алисон Краус, со што Бијонсе сега има 28 награди „Греми“. Само диригентот Георг Солти има освоено повеќе.

- Сакав да ги воздигнам, охрабрам и прославам сите прекрасни црни кралици и кралеви што продолжуваат да ме инспирираат и да го инспирираат целиот свет - изјави Бијонсе откако ја прифати наградата „Греми“ во категоријата „Најдобра аренби-изведба“ за нејзиниот сингл „Black Parade“.

 

Како и со другите церемонии досега, на доделувањето на Греми наградите поради пандемијата и оваа година немаше публика во живо, покрај големиот број изведувачи и номинирани.
Меѓу изведувачите кои се најдоа на сцената со свој перформанс беа, Бед Бани, Тејлор Свифт, Дуа Липа, Карди Би и Меган д Сталион. Бијонсе водеше со девет номинации, а со освојувањето на 28-от Греми во нејзината кариера, Бијонсе стана уметник со најмногу награди освоени од Американската музичка академија, досега.
Песната „I Can't Breathe“ на Х.Е.Р., напишана како одговор на протестите „Црните животи се важни“, кои минатото лето избувнаа во САД по убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец, ја освои наградата „Домашна песна на годината“. - Ја знаете борбата што ја имавме во 2020 година? Продолжете со тоа - изјави Х.Е.Р. пред да ја напушти сцената. Во категоријата „Најдобра поп соло-изведба“ победи песната „Watermelon Sugar“ на Хари Стајлс, додека Дуа Липа, која беше фаворит за трите најголеми награди, не освои ни една, иако успеа дома да однесе „Греми“ за „Најдобар поп вокален албум“. Музичка изведба на годината - „Everything I Wanted“, Billie Eilish Албум на годината - „Folklore“, Taylor Swift Песна на годината - „I Can't Breathe“(H.E.R.) Најдобар нов изведувач - Megan Thee Stallion Најдобра поп соло изведба - „Watermelon Sugar“, Harry Styles Најдобра поп дуо/групна изведба - „Rain On Me“, Lady Gaga with Ariana Grande Извор: Npr.org
Last modified on Понеделник, 15 Март 2021 - 13:04

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сара, Андреј и Љупчо прваци по биологија во Општината, 2 и 3 место на државно

Седмо одделенецот Андреј Димов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава на

Повеќе

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.