Златен медал за иновација освоија македонски студенти на меѓународна изложба во Сеул

Вторник, 17 Септември 2019

Шест македонски студенти од Машинскиот факултет во Скопје со својата иновација „велосипедот за прочистување воздух“ освоија прво место и златен медал за иновација на 12-та меѓународна изложба „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја.

Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ еавторско дело на студентите од Машинскиот факултет од Скопје Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ, заедно со професорот Иле Мирчески и машинскиот инженер Тошко Ристов.

Како што објавија од Машинскиот факултет, студентите за овој пронајдок освоиле златен медал од Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област, златен медал со диплома од Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија и диплома за најдобар пронајдок од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан.

Изложбата се одржа од 20 до 23 јуни 2019, во организација на Корејската асоцијација за жени пронајдувачи KWIA и поддршка од Корејскиот завод за интелектуална сопственост KIPO и светската организација за интелектуална сопственост WIPO.

 

Last modified on Вторник, 17 Септември 2019 - 13:22

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тридневен фестивал на храна и вино во Гевгелија

Денот на општина Гевгелија 7-ми нoември ќе биде почеток на најавениот тридневен

Повеќе

Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за НАТО за Македонија

Со 84 гласови „ЗА“ и 2 против Американскиот Сенат, доцна синоќа во забрзана

Повеќе

Италија го враќа прашањето за почнување на преговорите, Макрон доаѓа во Скопје

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и

Повеќе

Предвремени парламентарни избори на 12 април 2020

По четиричасовна дебата на лидерите на релевантните политички партии

Повеќе

Пендаровски: Македонија продолжува на патот кон ЕУ

- „Не постои друга алтернатива на подолг рок освен членство во Европската

Повеќе

Запленети 11 килограми дрога на Богородица

Денеска, сабота 19 октомври, во текот на работниот ден, царинските работници на

Повеќе

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.