После САД и Обединетите Арапски емирати и Кина денеска се впиша во државите кои лансирале вселенски летала за испитување на планетата Марс.
Ова е прва вселенска мисија на Кина кон Црвената планета, со податок леталото ќе патува повеќе од осум месеци додека слета на Марс. Кина ја почна својата прва мисија со „ровер“, кој го испрати на Марс за да ја истражи геологијата на таа планета.
Роботот со шест тркала е лансиран од вселенската станица „Венчанг“, а во орбитата на Марс треба да пристигне во февруари в година, јавува Би-би-си.
По пристигнувањето, „роверот“ нема да слета на површината на Марс уште два три месеци, што ќе им овозможи на инженерите да ги проценат атмосферските услови на Марс пред да почнат со спуштање.
Роверот ќе слета северно од екваторот на Марс, а неговата задача е да ја проучи геологијата на тој дел од планетата на и под површината.
Кинескиот „ровер“ тежи околу 240 килограми и го движат склопливи соларни панели.
Има камери за снимање и помош за навигација – пет дополнителни инструменти ќе помогнат да се процени составот на карпите.
Ова е една од трите мисии што одат на Марс во растојание од 11 дена. Обединетите Арапски Емирати го лансираа својот сателит пред три дена, а за една недела, НАСА ќе го испрати на Марс својот „ровер“ од новата генерација.
< China : to Mars >
— Milkyway (@Milkywa79686368) July 23, 2020
Tianwen-1 was launched on a Long March-5 carrier rocket from Hainan Island, off China's south coast https://t.co/9FAmyPFQc1
China sends its first mission to Mars. Tianwen-1 was launched from Wenchang towards the red planet on a voyage that will last until next year. #Mars pic.twitter.com/9PmlzHCoEe
— China Xinhua News (@XHNews) July 23, 2020
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар
Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец
Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина
Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија
Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица