Топ Новости

Стојачкото Рено 4 над панорамата на Урал

Сабота, 27 Јули 2019

Со поминати 19.000 километри за изминатите 28 денови, патувачките јунаци со олтајмерот на Рено 4 од Стојаково стасаа до висините на Урал. Тоа е планински венец во Русија, со комплекс резерват за животни, распространет на 2.225.000 километри квадратни на северозападот од Сибир, во Русија. Овде е и границата на Европскиот со Азискот континент, близу градот Екатеринбург.

Возачкиот тандем Шуклев и Николов со восит ја споделија панорамата над Урал, на надморска висина од 1.895 метри. Зеленило и мирен град во подножјето на Уралските гори, а раздвижен транзитен коридор на висините од планинско-шумскиот комплекс.
Нашите јужни автомобилисти го „згазија“ Урал кој се протега од брегот на Северно Ледениот Океан до реката Урал и северозападен Казахстан, опфаќајќи ги источно-европските и западносибирските равнини.
Денеска, 29-ти ден како се на пат и продолжуваат назад до Стојаково. Имаат да пропатуваат уште 4.000 километри до дома.

Автомобилскиот двоец Џоко Шуклев и Ѓорги Николов тргнаа на 29 јуни на авантурата наречена „Од Стојаково до Пекинг со Рено 4“. долга 23.356 километри. За овие 28 изминати денови пропатуваа 21.758 километри со „Рено 4“ и 1.598 километри со „Боинг 737“. Овој дуализам произлезе заради строгите кинески правила кои не дозволија влез на автомобилот-олдтајмер во Кина, ниту нашите возачи од југот да управуваат со него, без придружба од кинески возач, или патувачка агенција. Значи, статистички гледано, само 6,8% од мисијата „Од Стојаково до Пекинг“ беше летечка, што е еднакво на дозволена статистика грешка од секоја голема и опсежна анкета или анализа.

Поздрав од Урал со поглед од 1.895 метри надморска висина со свежината на небото над западно Сибирските рамнини од Ѓорги и Џоко.

Last modified on Сабота, 27 Јули 2019 - 01:16

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

Противпожарен воз од Велес до Гевгелија

Во функција на противпожарна безбедност долж железничката пруга од Велес до

Повеќе

Локализиран шумскиот пожар на Осогово

Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат с.Бели-Пониква утринава околу

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.