24вести: „НАТО го замрзна членството на Северна Македонија во Алијансата“

Среда, 01 Април 2020

Со ваква 1-во Априлска шега Телевизија 24 вести ги шоќираше своите гледачи во централниот Дневник во 17 часот.
Само пред два дена знамето на Македонија со свечена церемонија се постави на јарбол пред седиштето на НАТО, во присуство на Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, а отсуствуваа претставници од земјава заради светската пандемија со корона вирусот.
- „Длабоко сме разочарани од ова замрзнување“ демек изјавил министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров.
И потоа во шега водителот не' известува дека на овој ден имаат право да направат и една шеговита вест, со кои ги известуваат гледачите дека сето ова е во насока да се насмееме, да се оттргнеме од напливот на вести за корона вирусот кои го преплавија светот.
Денеска и Google забранил шеги на сметка на Ковид-19.

Телевизија 24 вести денеска и контактните емисии ги посвети на Денот на шегата со отворени телефони за вицеви. Возрасната популација не беше инспирирана од веста за конечниот прием на Македонија во најмоќниот воен сојуз во Светот. Тие удрија на вицеви во кои режијата немаше време за врши цензура.

Поради светската пандемија македонските граѓани немаа услови да се израдуват на остварувањто на тредецеинските напори на државата за влез во НАТО. Еве ја оригиналната вест од Веб страната на НАТО:

И, објавата за успехот на македонските напори од страна на министерот Никола Димитров We are NATO! - напиша министерката за правда Рената Дескоска
Last modified on Среда, 01 Април 2020 - 18:37

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.