Некогашниот проект за студентска комуникација, кој прерасна во светска мрежа за социјална комуникација “Фејсбук“ денеска бележи активни корисници од 1,23 милијарди лица, според податоците за 2013 година. Бројот на активни корисници на месечно ниво е зголемен за 16 отсто во однос на минатата година и со 945 луѓе кои користат апликација на мобилниот уред.
Приходите од огласи на компанијата пораснале на 2,34 милијарди долари во последниот квартал, што се за 76 отсто повисоки од истиот период од 2012 година. При тоа на приходите од мобилните огласи отпаѓаат 53 отсто, а тие бележат пораст од 23 отсто во споредба со четвртиот квартал од 2012 година.