Во првата година од своето формирање во 2004 година Фејсбук се стекнал со еден милион корисници. Денеска, после една деценија бројката надминува една милијарда и 23 милиони жители од планетата. Но, кои биле првите корисници се прашува популарниот весник “Гардијан“?
Секој корисник на Фејсбук има број за идентификација, лична карта, која се добива кога ќе се регистрирате. Интересно е тоа што, иако тој беше прв на страница, Марк Цукерберг не е носител на идентификациониот број 1. Првите три броеви биле наменети за тестирање оставајќи го за Цукерберг бројот четири .
Под броевите 5 и 6 следуваат неговите соработници, ко-основачите Крис Хјуз и Дастин Московиц .
Двајцата ко-основачи Хјуз и Московитц во 2008 година ја напуштиле компанијата. Хјуз беше првиот портпарол на “Фејсбук“, а по заминувањето во 2008 година ја водел онлајн кампањата на Барак Обама.
Еден од ко-основачите на Фејсбук бил и Едуардо Северин, но неговиот ID е 41, што не е ни приближно меѓу првите корисници.
Првиот заслужни лица за почетокот на оваа социјална мрежа за поврзување во светот, инаку неучесници во основачкиот пакет биле цимерот на Цукенберговиот цимер Арие Хесит и неговите колеги од Факултетот за Ендрју МекКолум, кој е заслужен за прв логото на Фејсбук, бела и сината силуета на Ал Пачино, известува Dnevnik.hr .
Интересно е дека меѓу првите корисници на Фејсбук, Крис Пунтам во 2005 година ја “заразила“ Фејсбук страницата ставајќи “црв“ во неа и направил таа да изгледа како “My Space“. Наместо да пријави електронски упад и да повика полиција, Цукенберк му понудил работа на инвентивниот клиент, кој со дела му покажал дека е способен и за нови иновации.