Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Гевгелиските радиовезисти најдобри на меѓународен натпревар во Велика Британија

Четврток, 11 Јули 2019

Петчлениот тим радиовезисти од Радио клубот „Никола Тесла“ од Гевгелија, по втор пат го освоија првото место на натпреварот што го организираше радио сојузот на Велика Британија.
Ова е еминентен меѓународен Сојуз во кој членуваат Англија, Велс, република Ирска, северна Ирска и Шкотска. Во ова престижно натпреварување, кое што се одржува на магичниот бенд и во кое учество земаат радио станици од целиот свет во последните 8 години гевгелискиот радио клуб постојано е меѓу првите во светот. Минатата година, но и годинава го освоиja првото место. Но, не само на овој натпревар, туку и на натпреварите кои ги организираа радио сојузите на Србија и Романија.

- „Ова е натпревар во светски рамки што се одржува на радио фреквенции од 50 мегахерци каде што никогаш не се знае што може да се случи, па затоа и е наречен магичен банд. Во овие натпревари „Никола Тесла“ е редовно меѓу првите во светот заради повеќе фактори, локација од каде се работи, техника и оператори кои што работат. Едно без друго не може а ние, еве веќе подолго време успеваме да извадиме оптимум од себе и да функционираме добро како тим“, велат во радио клубот „Никола Тесла“ во кој членуваат Златко Андонов, Благој Љатев, Ѓорѓе Андонов, Тони Трајков и Венци Ристов.

ФОТО Галерија: Наградите од Radio Society of Great Britain за 2018 и 2019 и победничкиот тим од Гевгелија


Last modified on Четврток, 11 Јули 2019 - 13:53

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

Забрана за сообраќај на патот Струмица - Валандово

Поради сообраќајна несреќа која се задеси околу 10 часот утринава, патниот

Повеќе

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна

Повеќе

Навалица на рибари во Дојран

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и

Повеќе

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

Изгласан законот за Јавно обвинителство

Со 80 гласови „ЗА“ од 116 присутни од кои само шестмина беа „против“ денеска во

Повеќе

Макрон ја отвори вратата за преговори на ЕУ со Македонија и Албанија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ако резултатите од

Повеќе

Собранието ја Разреши министерката Мизрахи – изгласани и измени на Изборниот

Собранието доцна синоќа со 62 гласа „за“ и 26 гласа „против“ ја разреши

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.