Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Денес е Светски ден на интернетот

Вторник, 29 Октомври 2019

Денес се одбележува Светскиот ден на интернетот - на 29-ти октомври 1969-та година е испратена првата електронска порака од Универзитетот во Калифорнија, САД.
На денешен ден пред 50 години во 22:30 часот во лабораторијата на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес била испратена првата електронска порака од еден до друг компјутер, јавува порталот за технолофија „USB“.

Професорот по информатика Лионард Клајнрок го надгледувал апсолвентот Чарли Клајн кој испратил порака преку компјутерската мрежа до програмерот Бил Дувал. Иако пораката е „скромна“, сепак е многу значајна. Клајн ги напишал буквите „Л“ и „О“, а Дувал ја примил пораката пред системот да се сруши.

- „Сакавме да ја испратиме едноставната порака „логин“ на Стенфорд истражувачкиот институт“, изјави Клајнрок, а пораката била испратена во целост после еден час.
Со тој чин всушност беше зачнат ARPANET (Research Projects Agency Network) и мрежата од која подоцна ќе се „роди“ интернетот без кој денес милијарди луѓе не можат да си го замислат своето секојдневие.

И покрај фактот што првото испраќање на порака пропаднало поради паѓањето на системот, во 2005-та година било утврдено денот во кој била испратена првата електронска порака да се одбележува како Меѓународен ден на интернетот.

Инаку, интернетот го прославува роденденот на 30-ти април затоа што на тој ден во 1993-та година CERN објави дека е направен првиот World Wide Web (www), бесплатна и достапна технологија.


Last modified on Вторник, 29 Октомври 2019 - 19:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.