Тесла пред 122 години ги поставил темелите на дигиталната ера

Петок, 10 Јули 2020

Денес е 164 роденден на Никола Тесла. „Извонреден“ е млак збор за да се опише неговата генијалност, а епитетот „чудесен“ е исто така потценување за неговиот ненадминат креативен жар и талент.
Во голем дел, неговите пронајдоци се базираат на неговото инстиктивно разбирање на електрицитетот и електричната струја. Нему не му биле потребни цртежи, имал фотографска меморија, и како што самиот велел – сите нацрти се во мојата глава. Автор е на над 700 патенти.

Приказната за дроновите на Тесла и безжичниот систем ја пренесува професорот д-р Петар Кочовиќ.
Генијалниот научник Никола Тесла е задолжен што дигиталната ера е таква каква што денес ја познаваме.

Од многуте приказни за Тесла, најинтересна е таа од месец ноември 1898-та година кога научникот зборувал за начинот на функционирање и широка примена на беспилотните летала.

Патентот за кој што Тесла пишувал зборува дека беспилотните летала би можеле да се користат за пренесување на писма, за комуникација, набљудување на теренот, ловење морски животни.

Колку тоа денес потсетува на денешните Google, Amazon, Facebook?
- „Во неговиот патентиран опис има еден подолг пасус кој што зборува за визијата која што ја имал Тесла. Тоа се случило во 1898-та година кога патентот го демонстрирал во Медисон. Тогаш предвидел дека беспилотното летање во иднината ќе биде нормално за многумина. Денес имаме мали летала кои што се управуваат со радиобранови, тие станаа „играчки“ - истакнал проф. Петар Кочовиќ.

Што зборувал Тесла за леталата кои што денес ги нарекуваме дронови?
= „Тесла не го употребил зборот дрон, зборот настанал подоцна, но предвидел дека дронот ќе се користи во инженерски и научни цели. Кога знаеме дека тоа било пред 122 години, останува фасцинантно тоа што Тесла ја предвидел иднината.

Тогаш Тесла зборувал за најголемата вредност на неговиот изум која што би била влијателна на војните и вооружувањата“ - истакнал професорот.

Денес е 10 јули. Токму на оваа дата, во селото Смиљан, пред 164 години се роди неверојатниот генијалец по име Никола Тесла, кој на светот му ја подари електричната енергија, светлината, подоцна електромоторите, а ја предвидел и иднината на научните достигнувања на човекот.

 

Last modified on Петок, 10 Јули 2020 - 13:55

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.