Вештачката интелигенција во потрага по вонземски живот

Среда, 12 Септември 2018

Вештачката интелигенција драматично ги зголеми шансите да најде сигнал за вонземски живот

 

 

Кога станува збор за слушање на сигнали од вселената, комбинација на технологијата и човечката перцепција и толкување на резултатите во потрага по вонземни знаци на живот, најблаго кажано се ограничени. Ако се додаде вештачка интелигенција во таа равенка резултатите се чини, значително се подобруваат.

Истражувачите на проектот „Breakthrough Listen“, која е дел од SETI (Search For Extraterrestrial Intelligence), користеле вештачка интелигенција за проучување на сигналите досега собрани од галаксии низ универзумот и откриле недостаток во своите дотогашни проучувања на податоците, што значи многу изгубеното време во потрага по вонземски живот.

Тимот предводен од Гери Џанг, докторант на Универзитетот во Беркли, а студирал на феноменот познат како "брзи радио зраци" (Fast Radio Bursts, FBR). Станува збор за сигнали од галаксијата кои се одддалечени милијарди светлосни години од Земјата.

FRB сигнали траат само неколку милисекунди и исклучително тешко е да се откријат на огромна оддалеченост и големината на просторот што се наслушува.

Истражувањате на тимот на Гери Џанг се базирани на некој непознат објект наречен повторувач, или FRB 121102, кој ги произведува споменатите „брзи радио зраци“ (FBR) и е единствениот познат извор на повеќе високо-брзински радио бранови снопови.

ФРБ од 121102 доаѓаат од далечните џуџести галаксии 3 милијарди светлосни години од Земјата, но природата на воспоставување на потекло останува мистерија. Постојат многу теории, вклучувајќи и еден што може да биде сигнал технологија развиена од страна на интелигентни вонземјани, објави тимот на Жанг во соопштението за јавноста.

Нивното истражување исто така беше објавено во стручно научно списание Astrophysical Journal, пишува РТ.

Тим го надгледувал објектот 121102 пет часа со користење на Green Bank телескоп, и во ова време собрал 400 терабајти податоци. По проучување на првите податоците забележале 21 FRB и сите се случиче во рок од еден час што укажува дека тој непознат објект има периоди на исклучително мирност и екстремни активности.

Но, со користење на невронски мрежи, тимот на BReakthroug Listen разви напредни алгоритми со способност за подробно анализирање на податоците, што навистина се исплатеше, бидејќи тие се пронајдени уште 72 дополнителни FRB-и.

- „Овие резултати укажуваат на тоа дека може да има многу повеќе сигнали кои сегашни алгоритми не успеваат да ги детектираат. Спроведувањето на овие техники за да барате докази за вонземски технологија и технотрагови е многу примамливо, заедно со проучување на феноменот на FRB“, рече шефот на SETI, Бил Дајмонт.

Теории за потеклото на FRB варираат од сигнали кои патуваат преку магнетизирана маглина, или покрај супер масивни црни дупки, па се' до мистериозната темна материја и вонземска технологија.

Овој проект е само почеток на користење на моќни методи за наоѓање на радио сигнали. Се надеваме дека нашиот успех ќе ги инспирира другите сериозни истражувања во имплементација на машинското учење во радио астрономијата, изјави Жанг.

Last modified on Среда, 12 Септември 2018 - 22:11

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сара, Андреј и Љупчо прваци по биологија во Општината, 2 и 3 место на државно

Седмо одделенецот Андреј Димов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава на

Повеќе

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.