Погледнете ги снимките што ги испрати „Skybox Imaging's SkySat-1 micro“ сателитот.
Ова е прв сателит направен за комерцијални цели, кој неколку пати дневно испраќа слики, односно видео од вселенска перспектива.
Овие снимки се предвидува дека ќе придонесат за подобрување на земјоделството, значајо ќе влиае врз работата на воздушните пристаништа, аеродромските служби, за надзор врз имотот, недвижностите, безбедноста, управувањето со нуклеарните електрани и, уште многу друго.
Дигиталните картографи сеуште се обидуваат да откријат на кој начин можат да го искористат овој извор на геопросторни податоци, но сепак со сигурност тврдат дека снимките од овој сателит со сигурност ќе го променат светот.