На Месечината изникнале првите семиња донесени од Земјата

Вторник, 15 Јануари 2019

Кинеската вселенска мисија  бележи извонредни резултати - Изникнале растенија од првите однесени семиња на Месечината

 

 

Кинеската вселенска мисија бележи извонредни резултати - Изникнале растенија од првите однесени семиња на Месечината.

Ова е првпат каква било биолошка материја да израсне на Месечината, што се смета за важен чекор во долгорочните истражувања на вселената.

Семките ги однесе кинеската сонда „Chang'e-4“. Ова е првата мисија која се спушти и ја истражува подалечната страна на Месечината и со себе носи инструменти кои треба да ја испитаат геологијата на овој регион.

Досега се случило растенија да изникнат на Меѓународната вселенска станица, но никогаш на Месечината. Ова може да биде клучно за идни долгорочни мисии, како патување на Марс, кое би можело да трае околу две и пол години. Тоа би можело да овозможи астронаути сами да одгледуваат своја храна во вселената и да ги намалат потребите за повторно снабдување од Земјата.

Кинеската сонда во својот товар носеше и почва со семки од памук и компир, квасец и ларви од овошна мува. Тие се складирани во запечатен контејнер и целта е да се создаде минибиосфера, односно вештачка, самоодржлива околина. Кинеските државни медиуми објавија дека памучните семки оформиле пупки.

Кинеската сонда „Chang'e-4“ која после 20 дневно патување од Земјата до Месечината ги положи контејнерите со семки расад на површината на Месечината

Професорот Xie Gengxin, главен дизајнер на експериментот, беше цитиран во Јужно-кинескиот утрински пост: "Ние размислувавме за идниот опстанок во вселената.
- "Учењето за растот на овие растенија во средина со ниска гравитација ќе ни овозможи да ги поставиме основите за нашето идно поставување на вселенска база", изјавува професорот Xie Gengxin.
Кинеската новинска агенција „Ксинхуа“ соопшти дека Вселенската сонда направила околу 170 фотографии што биле испратени на Земјата.

„Ова е првиот успешен биолошки експеримент на човештвото на Месечината“, објави весникот на Комунистичката партија на Кина, „Пиплс дејли“, а пренесе „BBC“.

Сликата за никнaтото семе, денеска го обиколи светот со порака дека означува "завршување на првиот биолошки експеримент на човекот на Месечината".
Фред Вотсон, астроном на Австралиската астрономска опсерваторија, изјави за BBC дека развојот на семињата е "добра вест".
"Тоа сугерира дека во иднина можеби нема да има несовладливи проблеми за астронаутите кои се обидуваат да растат свои култури на Месечината во контролирано опкружување".

 

Last modified on Вторник, 15 Јануари 2019 - 18:41

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

МВР: Запленета дрога во вредност од 800.000 евра

МВР денеска во полициска акција организирана заедно со американската агенција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.