Воз кој вози 350 км/час без машиновозач го има Кина

Сабота, 11 Јануари 2020

Кина го претстави најбрзиот паметен воз на светот кој вози 350 километри на час без машиновозач.

Со 5G сигнали, безжично полнење и интелигентно осветлување, паметниот воз G8811 тргна од железничката станица на северот од Пекинг на крајот од 2019 година и превезе патници до местото Жангјиакоу, на северот на кинеската провинција Хебеи, пренесува Xinhuanet.com.

Железницата е долга 174 километри, со 10 постојки. По должината на трасата се изградени неколку подземни тунели.

Со максимална брзина од 350 километри на час, ќе го намали времето за патување помеѓу Пекинг и Жангјиакоу од над три часа на 47 минути, олеснувајќи го меѓуградскиот сообраќај.

Изградбата на брзата железница траеше околу четири години. Таа е дел од подготовките за Зимските Олимписки игри во Кина 2022 година.

За спортистите во возот на располагање е и простор за сноуборди и друга опрема за скијање. Започнати се услугите за е-билети за патниците да можат да ги користат своите лични карти или да скенираат QR-кодови за проверка на автентичност, наместо да чекаат ред за хартиени билети.

„Потребни се само 47 минути возење со воз од спортските терени во Пекинг до оние во Жангјиакоу, што обезбедува сигурен и удобен превоз за спортистите“, изјави Ли Јан, претседател на Кинеската асоцијација за уметничко лизгање.

Возовите со голема брзина не се само средство за транспорт, туку и клучен двигател на економскиот развој. Се очекува завршувањето на линијата Пекинг-Жангјиакоу да го олесни интегрираниот развој на Пекинг, Тианјина и Хебеија, регионален градски кластер наречен „Jing-jin-ji“.  Жан Ксин, правнуката на Жан Тјанју „таткото на кинеската железница“, беше меѓу првите патници кои го тестираа брзиот воз.

- „Брзите возови го отсликуваат кинескиот економски и технолошки развој. Да можеше мојот прадедо да ја види денешната брза железничка мрежа, ќе беше многу горд“, изјави таа.


Last modified on Сабота, 11 Јануари 2020 - 12:52

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

МВР: Запленета дрога во вредност од 800.000 евра

МВР денеска во полициска акција организирана заедно со американската агенција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.