Видео: Паметна ракавица за помош на слепи

Недела, 16 Февруари 2020

Средношколец од Србија направи ракавица за помош на слепи луѓе. Ненад Крстиќ е креатор на „паметната ракавица“ која може да отчитува податоци што слепите или слабовидните лица не може да ги видат пред себе, а им се потребни за функционирање во животот.
Оваа ракавица на себе има камера, а може да се поврзе и со мобилен телефон, па ако се насочи, на пример, кон некоја банкнота, ќе прочита за колку пари се работи, а на неа има и копче за паника.

Компанијата „Anoris Technology“ ја доусоврши ракавицата и ја презентираше усовршената верзија завчера. Благодарение на паметната ракавица „Anora“ слепите и слабовидните луѓе можат полесно да ги вршат секојдневните активности.

Досега паметната ракавија во Србија ја тестирале повеќе од 150 слепи и слабовидни луѓе, а како што велат од компанијата Anoris Technology, сите луѓе кои ја пробале ракавицата се задоволни и одушевени што содржи толку многу функции.

Конечната верзија на паметната ракавица Anora ќе биде претставена во април, а во Србија ќе чини 45.000 динари (околу 370 евра). Од комапнијата Anoris Technology велат дека целта им е што повеќе слепи и слабовидни луше да ја добијат оваа ракавица бесплатно со помош на локалните самоуправи, општествено одговорните компании и државните институции.


Луѓето со хендикеп често имаат причина за незадоволство од односот на општеството кон нив. Ова е одговорот на општествено ангажираните иноватори, а одговорот за достапност на помагалото треба да пристигне од општествено одговорните компании,  за бесплатен пристап и користење на „паметната ракавица“ од оние на кои им  е потребна. 


Last modified on Недела, 16 Февруари 2020 - 10:25

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сара, Андреј и Љупчо прваци по биологија во Општината, 2 и 3 место на државно

Седмо одделенецот Андреј Димов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава на

Повеќе

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.