Апликацијата StopKorona достапна на мобилен

Понеделник, 13 Април 2020

Апликацијата StopKorona од денеска е достапна на сите телефони, соопшти министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски.

Тој апелираше до сите граѓани што побрзо да ја симнат апликацијата за да дадеме придонес во стопирањето на ширењето на корона вирус.

– Со неа помагаме на здравствените работници, но и на епидемиолозите. Одговорно тврдиме дека таа ги штити личните податоци. таа не користи податоци за граѓанинот, нема име и презиме на оние кои ја користат. Ако се најдат два мобилни телефони во близина, единствено се активира кодот, а нему му е потребен само бројот на мобилниот – рече Манчевски.

Податоците ги собира сервер во здравствениот систем и никој нема пристап до нив.

На корисниците на андроид телефони при вклучување на блутут, ќе им биде побарана локација, но не користи лични податоци.

Апликацијата од вчера може да се најде на GoogleApp, а веќе, без најава ја симнале повеќе од 5.000 граѓани.

- „Ние сме во фаза во која го очекуваме пикот на заразата. Оваа апликација значително ќе ја олесни работата на прашалникот од анкетата, со која луѓе кои се сретнале со заразени од корона вирусот беа ставани во самоизолација. Оваа состојба нема да заврши сега. Целта е да се амортизира ударот, за да можат пациентите да бидат примени во болница. Овие нови алатки, нови методи се ставаат во примена во нашата земја како една од ретките земји во Европа. Значајно ќе се олесни работата на епидемиолозите и полесно ќе се откријат контактите кои се остварени несвесно“, рече министерот за здравство Венко Филипче.


Last modified on Понеделник, 13 Април 2020 - 15:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.