Европската агенција за безбедност при летање (EASA) му издаде дозвола за летање на електричниот авион на словенечки „Pipistrel“. Оваа дозвола важи за летање во целиот свет и се смета за огромен чекор напред кон летови со авиони кои работат на батерии.
EASA објави дека ја коплетирала сертификацијата за Pipistrel Velis Electro, авион со две седишта кој може да лета максимум 80 минути, а го направи компанија со регистрационо седиште во Словенија.
Авионот Pipistrel има електричен мотор со две батерии и може да превезува до 600 кг. Времето на полнење варира од 40 до 70 минути, па затоа е одличен за функцијата за која е наменет – авион за часови по летање.
Авионот наречен „Велис Електро“ веќе се произведува за купувачи во седум држави, а од Пипистрел најавуваат дека првично ќе се изработат 31 авион.
„Ова е првиот чекор кон комерцијална употреба на електричните авиони, а тоа е потребно за да создадеме една авијација која нема емисија на стакленички гасови. Ова е потврда за нашиот оптимизам и за оптимизмот на другите дизајнери на авиони дека може да се направи комбинација од електричен мотор и авион“ изјави извршниот директор на Pipistrel Aircraft, Иво Боскарол.
Од EASA велат дека Pipistrel ќе биде првиот од многу електрични авиони кои ќе добијат сертификат од агенцијата додека авиоиндустријата развива нови технологии со цел да се намали бучавата и емисијата на стакленички гасови, како и да се подобри одржливоста на авијацијата.
Извор: „Euractiv“
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен