Небото во ноќта од 31 октомври спрема 1 ноември ќе биде осветлено со „сината месечина“, која ќе биде втора полна месечина во период од 30 дена.
Последниот пат кога имавме полна месечина беше 1944 година, што значи овој феномен во вселената ќе можеме да го видат жителите на земјата после цели 76 години од нејзиното последно појавување.
НАСА вели дека следниот пат кога сите временски зони на САД ќе бидат над полна месечина е 2039 година, затоа те реба да се пропушта шансата за оваа глетка.
Додека Месечината официјално станува полна во сабота, таа се појави целосна со почеток во четврток навечер и ќе трае до недела. Така, ќе се чувствува како викенд на полна месечина.
Феноменот „Сина месечина“ не мора да значи дека ќе биде сина, иако темно синиот тон на вечерното небо може да влијае на боите што ги гледаме.
Кога Месечината добива сини нијанси, тоа се должи на чад или честички од прашина во атмосферата, на пример за време на голема вулканска ерупција на Кракатау.
Според НАСА, Сината месечина значи нешто многу ретко што можете да го видите во животот, а оваа година ќе има уште поголема доза на мистицизам.
Полната месечина два пати во месец октомври е релативно ретка појава и се јавува во просек еднаш на секои две и пол години, објави НАСА.
Има полна Месечина секој месец, но бидејќи лунарниот циклус и календарската година не се совршено синхронизирани, ние завршуваме со две во истиот календарски месец приближно на секои три години.
Првата полна Месечина во октомври, позната и како Жетвена месечина, се појави на првиот ден од месецот. Втората полна месечина или „сината месечина“ ќе биде видлива на 31-ви октомври.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во
Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица
Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500
Почина градежен работник во Гевгелија
Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот
Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица
Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани
Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден
Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната
ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час
Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од
Почина Веселинка Поп Гонова
Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа
Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија
Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на
Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија
Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три
Почувствуван земјотрес во Гевгелија
Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше